Таг: дарко чурлинов

Скај Спорт: Чурлинов ги мина медицинските прегледи и потпиша за Барнли до 2026

Избраниците на Боби Милевски на големо ги менуваат клупските средини ова лето. Последен е Дарко Чурлинов кој од Германија се сели во Англија.

Најдоброто од Даре Чурлинов во 1 минута

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов долго ќе ја памети големата прослава со тимот на Шалке кој се избори за кам бек во Бундеслигата како првопласиран. Уживајте во неговите најдобри потези од сезонава. Топ компилација му направиле. 

Асистенција на Чурлинов, еврогол на Залазар од 60 метри

Новиот прволигаш Шалке со победа од 1:2 над Нирнгерг ја завршува сезоната како лидер во второлигашкото друштво. Завесата ја спуштија со гол кој е сериозен во трката за број 1 на сезоната, откако Дарко му ја даде на Родриго, ама овој без да му ја мисли многу, ја испука од своја половина.

Убаво голче на Чурлинов за Шалке

Одличен настап на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој за жал мораше да излезе во 78-ма минута поради повреда. Четири минути претходно брз во контра, Даре ја запечати победата на Шалке од 2:0 против Падерборн.

Фантастичен кам бек на Чурлинов со гол и асистенција

По речиси еден месец пауза поради повреда, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во тимот на Шалке 04 и одигра одлична партија како стартер.

Заслужено кафанско опуштање на јунаците

Почнаа со „Земјо македонска“ во соблекувална, па продолжија со „Земјо македонска“ во кафана. Атмосферата на Инстаграм на кратко ја пренесе Дамјан Шишковски, а од фотографии на социјалните мрежи налетавме на Елиф Елмас, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов. На здравје момци.

Кикс на Чурлинов во одбрана, тежок елиминација за Шалке од третолигаш

Минхен 1860 го елиминираше Шалке во 3. коло од Купот на Германија со 1:0. Голот падна уште по 5 минути игра, по една лоша проценка на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој се однесуваше многу комотно во одбрана. Тренерот го казни за лошиот потег и го извади во 22-ра минута.

Да поиграм во Тафталиџе со другарите додека не почнала Бундеслигата

И покрај тоа што е член на Штутгарт, а цела Европа го виде и на Европското првенство каде дебитираше со Македонија, сепак Даре не заборава од каде потекнува.

Бомбастичен гол на Чурлинов во Казахстан

Македонија У21 го декласираше Казахстан во евроквалификациите со 1:4, а творец на мечот беше фудбалерот на Штутгарт, Дарко Чурлинов кој блесна со два гола и асистенција. Резултатот го отвори со маестрален погодок, а Македонија сега е втора во битката за нов настап на ЕП.

Чурлинов од Штутгарт со шкорпија-гол на тренинг

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов започна со тренинзи со неговиот Штутгарт и уште од старт покажа дека не го изгубил чувството за топка за време на паузата. Германските клубови почнаа со тренинзи, а првата и втора Бундеслига треба да продолжат на средината од месецов.

Шансата на дебитантот Чурлинов за 4:0

Со 16 години и 8 месеци Дарко Чурлинов од младинскиот погон на Келн не само што стана најмладиот фудбалер кој заиграл за сениорите на Македонија, туку можеше и да постигне гол уште при првиот контакт со топката на 8 минути до крајот на средбата против Белорусија.