Шансата на дебитантот Чурлинов за 4:0

Со 16 години и 8 месеци Дарко Чурлинов од младинскиот погон на Келн не само што стана најмладиот фудбалер кој заиграл за сениорите на Македонија, туку можеше и да постигне гол уште при првиот контакт со топката на 8 минути до крајот на средбата против Белорусија.