Скај Спорт: Чурлинов ги мина медицинските прегледи и потпиша за Барнли до 2026

Избраниците на Боби Милевски на големо ги менуваат клупските средини ова лето. Последен е Дарко Чурлинов кој од Германија се сели во Англија.

Новинар на Скај Спорт пишува дека трансферот на Чурлинов е завршена работа и дека според неговите информации тој ги поминал лекарските прегледи и потпишал за Барнли.

Флориан Плетенберг тврди дека договорот е потпишан до 2026-та година, а клубот од Чемпионшип лигата на Штутгарт со сè бонуси ќе му плати нешто на 5 милиони евра.

Во трка за потписот на македонскиот репрезентативец беше и Андерлехт, но на инсистирање на славниот Винсент Компани кој им стана тренер летово, тој се сели во Барнли, а постои можност да дебитира уште веднаш во сабота против Блекпул.

Во овој преоден рок од другите наши репрезентативци, Бојан Миовски замина во Шкотска во тимот на Абердин, Никола Серафимов остана во Унгарија и потпиша за МОЛ Фехервар, Џани Алиоски во Фенербахче, а Енис Барди во Трабзонспор.

19 август 2022 - 13:18