Фантастичен кам бек на Чурлинов со гол и асистенција

По речиси еден месец пауза поради повреда, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во тимот на Шалке 04 и одигра одлична партија како стартер.

Шалке славеше 4:1 против Нирнберг во 17. коло од втората германска лига, а Чурлинов беше еден од најдобрите актери на теренот.

Нашиот репрезентативен го намести првиот гол во 20-та минута откако со маестрална соло акција исфрли двајца противнички играчи, а потоа во 85-та минута го запиша третиот сезонски погодок.

Со овој триумф Шалке се искачи на третата позиција и е на -6 од лидерот Сент Паули.

Првите две екипи се пласираат директно во Бундеслигата, а третопласираниот тим игра бараж.

11 декември 2021 - 15:45