Челси го освои Суперкупот на Европа, блесна 22-годишен дебитант кој е дете на клубот

Еден од најдобрите фудбалери во Суперкупот на УЕФА кој Челси го доби на пенали против Виљареал, беше 22-годишниот стопер Тревох Чалоба кој за првпат заигра за првиот тим на „сините“ кои до сега го праќаа на разни позајмици.

Челси ја отвори сезоната со голем пехар, оној од УЕФА Суперкупот, кој во средата вечер го освои во Белфаст на пенали. По регуларните 90 минути мечот заврши 1-1 па се прејде на продолженија, а кога ни таму немаше голови, пенал рулетот го реши победникот.

Сите кои го следеа мечот можеа да забележат ново лице во одбраната на Челси. Младиот Тревох Чалоба стоеше стабилно и ги спречи речиси сите напади во дефанзивата со тројца позади каде Тухел го стави десно.

Синоќешното деби на така голем дуел беше неочекуван за сите па и за самиот Чалоба. 

По максимално одлично одиграни 90 минути како стопер, Чалоба во продолженијата тргна и како десен бек и учествуваше во организација на нападите на Челси.

„Беше импресивен. Ја сфати нашата мисла. Чалоба добро играше против Борнмут, Арсенал и Тотенхем (предсезонски натпревари). Нам ни требаа дечки кои можат да одиграат 90 минути. А Чалоба беше еден од првите на тренинг на физички план и заслужи играчко време“, изјави тренерот на Челси Тухел веднаш после новиот пехар освоен со клуот.

Во последните три години детето на Челси било на позајмици во Ипсвич, Хадерсфилд и Лоријан во Франција, но не одиграл ни секунда за прв тим на Челси.

И покрај тоа што во пред сезоната играл одлично, новнарот на The Athletic Лиам Туми на два дена пред мечот со Виљареал напиша: „Негово појавување на терен би било изненадување“.

Но Чалоба не е баш појавен од нигде никаде. Минатата сезона блескал во Лига 1 каде бил еден од најдобрите стопери во изнесувањ на топката, во креација на шанси и асистенции. Чалоба сезонава ја почнал како бек. 

И покрај добриот старт на сезоната, уште не е јасна иднината на 22-годишниот Чалоба кој според The Athletic најверојатно ќе оди на нова позајмица.

„За него имаше место во одбрана со тројца додека ги чекавме Зума и Ридигер. Потоа едно место остана слободно до враќањето на Кристенсен. А сега таму е огромна конкуренција, тука се уште и Рис Џејмс и Аспиликуета“, рекол Тухел кој го има и ветеранот Тиаго Силва.

Низар Кинсела, новинарот специјалист за Челси од Goal пиша дека пред големиот дуел со Виљареал Тухел се сретнал со Тревох Чалоба и му кажал дека стигнала понуда од Валенсија за позајмица и дека му ветува дека таму ќе добие играчко време. Му рекол дека не го продаваат туку сам на позајмица.

Чалоба се гледа себе како стопер а може да игра и како последен играч за врска (Валенсија го бара на таа позиција).

После Суперкупот Чалоба добил уште понуди за позајмица но останува да се види дали Тухел сменил мислење. „Имаме уште неколку дена да размислиме“, одговорил Германецот. 

ЧАЛОБА НЕ Е ЕДИНСТВЕН ОСВОЈУВАЧ НА СУПЕРКУПОТ ОД ЧЕЛСИ СО НЕИЗВЕСНА ИДНИНА

Покрај Тревох Чалоба, и Курт Зума не знае каде ќе ја продолжи кариерата. Челси на Севиља и го понуди Зума за трампа со стоперот Жил Кунде но Шпанците сакаат само пари и тоа целосен трансфер сега.

„Сините“ пробаа да го продадат Зума во Вест Хем но 26-годишниот стопер одби. А сега никој ништо не нуди веќе.

Иста е и ситуацијата со Антонио Ридигер за кого The Guardian пиша дека Челси ги разгледува барањата за него. Некогашниот стопер на Штутгарт и Рома би можел да го напушти Стемфорд Бриџ.

Интерес има и за левиот бек Маркос Алонсо кого Челси одамна го нуди на италијанските клубови. Во моментов најзаинтерсирана е Рома која бара замена за Спинацола.

Калум Хадсон-Одои е уште еден фудбалер кој може да замине од Челси. Баерн Минхен пред неколку месеци понудил 70 милиони евра за него, но „сините“ одбиле.

Челси сега бил спремен да го продаде играчот од своја школа, а Баерн сега во замена за трампа го нуди Кингсли Коман, но не и пари.

Тимо Вернер и Теми Абрахам, напаѓачите кои нема што да бараат кога ќе дојде Ромелу Лукаку исто би можеле скоро да заминат. Челси на Јувентус му го понудил Германецот плус пари за стоперот Де Лихт.

12 август 2021 - 10:48