Број 1 потег на број 1 голманот во свет

За кого и да навиваш, не можеш да не го сакаш Џиџи Буфон. Брани од 1995-та, година во која некои од сегашниве пилиштари кои ги направија богаташи, не биле ни родени. И тоа брани бе, а веќе 41 има. Денеска направи вистински потег. Се врати онаму каде што припаѓа. Во својот дом.

Навивач на Јувентус, малку да мрднел периодов на одмор без интернет, денеска ако отвори брејкинг њуз ќе се шокира, ама позитивно. Утрово во 9 часот во базата на Јувентус се појави Џиџи Буфон, ама не како гостин туку како ново засилување.

Ова “ново“ не личи баш да стои овде, бидејќи зборуваме за легенда која 17 години го носеше дресот на Јувентус со кој освои 9 Скудета. Девет еј. 974 минути не прими гол, а тоа е рекордна серија од 12 меча. Зборуваме за играч кој е во друштво на 25 фудбалери со минимум 1.000 професионални настапи.

По сиот тој престој во еден клуб со кој беше поврзан и емотивно, неочекуван беше неговиот трансфер во ПСЖ на 40 години. По една таква кариера на тие години, логиката велеше дека таму ќе заврши, ама и ќе остане во некоја друга функција.

Така всушност и ќе биде. Џиџи искуси една сезона во Франција, го освои првенството и се врати дома, а договорот е следен: Едногодишен договор за плата од 1,5 милиони евра плус бонуси, а потоа жглап во управа.

Во договорот му стои и дека треба да одигра минимум 8 меча во Серија А за да го надмине рекордерот Паоло Малдини кој има 647 настапи.

Буфон се појави спортски скоцкан со црвени фармерки и бело летно кошулче и веднаш штом излезе од кола отиде да ги поздрави своите навивачи. Следуваа селфија, автограми, фотки, многу насмевки и обостран респект. Како со душа да чекаа повторно да се видат.

Италијанците велат: "Certi amori non finiscono, fanno dei giri immensi e poi ritornano". (Некои љубови не завршуваат, прават огромни промени и потоа се враќаат).

Штета е ваква икона да не заврши и продолжи да работи онаму каде што му е местото. Кам бекот во Јуве му е права ствар.

Како бранеше во Франција?

Како изгледаше сајтот на БиБиСи кога првиот пат потпиша за Јуве

Инаку ќе игра заедно со

На крај на видеово вели: Ако сака некој да знае, јас повторно би играл за Јуве во Серија Б

4 јули 2019 - 13:02