Блескави 45 минути за Роналдо со хет-трик и две асистенции

Во рок од четири дена, Кристијано Роналдо постигнува два хет-трика. Првиот во второ полувреме за 23 минути, вториот во прво за 31 минута. Така бе Кики, со фудбалски вештини полни ги насловните, а не да се корнеш од нервози за безвезни провокации.

И покрај тоа што на 5 февруари дувна 39 свеќи, Роналдо не се дава и паралелно со чудните гестови и вулгарни потези, редовно решета со голови.

Ал Наср ја декласираше Абха на гости со 0:8, а првиот дел го одбележа целосно Португалецот со два гола од слободен удар, атрактивен гол со лоб и две асистенции.

Хет-трик му успеа за 31 минута или поточно во 11` 21` и 42` минута.

Асистенциите му беа за Садио Мане во 33-та и Ал-Сулајхем во 44-та минута, а головите во второ полувреме ги постигна Гареб и двапати Ал Елеваи.

Статистиката вели дека има 65 хет-трикови од кои 5 повеќе откако наполнил 30 години, како и 63 гола од слободен удар.

Претходниот хет-трик

3 април 2024 - 08:38