Бензема годинава има фрустрирачка статистика од пенал против голманот на Осасуна

По перфектниот старт од 6 победи по 6 кола во Ла Лига, Реал Мадрид ремизириаше против Осасуна 1:1. Карим Бензема пред себе имаше голман пред кој се блокира од 11 метри.

Кралевите добија пенал со помош на ВАР на 10 минути до крај при резултат 1:1. Го шутираше оној врз кој беше направен, Карим Бензема.

Но на францускиот голгетер очигледно му поминаа низ глава последните не баш далечни обиди од пенал против Серхио Ерера, па биеше со сета сила за овој пат да не може да му ја фати.

Но ја погоди пречката и Реал остана само со бод од овој дуел. И сега внимавајте на податоков: Бензема има пет утки од пенал за Реал, а три му се токму против Ерера и тоа сите оваа година.

Голманот на Осасуна во април годинава му фати два на ист меч во рок од 7 минути.

3 октомври 2022 - 08:19