Барак Обама навива за Дармштад

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама е познат љубител на спортот, така што не е изненадување што од неговиот личен Твитер следи цел куп тимови (воглавном од Чикаго). Но од каде и Дармштад?

Барак Обама е еден од најпознатите навивачи на Чикаго Булс, редовно следи бејзбол натпревари на франшизите од Чикаго и тука нема ништо необично затоа што самиот Обама потекнува од Чикаго.

Но на неговата листа на Твитер се наоѓа и еден рандом клуб, единствен од Европа, германскиот тим СВ Дармштад 98. Според Дојче Веле, последнопласираниот тим од Бундеслигата е единствениот европски тим кој Обама го следи. Зошто?

Дармштад нема суперѕвезди, доаѓа од градче со 150.000 жители и речиси сигурно ќе испадне од Бундеслигата.

The Associated Press во средата објави дека Обама го следел Дармштад поради Американецот Теренс Бојд кој игра за репрезентацијата на САД. Но нејасно е каква друга врска има 26-годишниот напаѓач со 44-от претседател на САД освен што е Американец.

Дармштад не чекаше многу време и во средата го покани Барак на нивен натпревар. Пораката секако дојде од Бојд кој го постигна победничкиот гол против моќниот Дортмунд во саботата.

„Драг Барак Обама, сфативме дека сме единствениот европски клуб кој го следите на Твитер. Се гледаме ли на стадионот“? стои во видео пораката од центарфорот кој држеше дрес со бројот 98 поради годината кога клубот е основан (1898) и презимето Обама.

Дека Дармштад е единствен европски клуб кој Обама го следи на Твитер меѓу 631.000 профили открила некоја радио станица од градот.

Чудно е како Обама не ја следи на пример Барселона која што има 20 милиони следбеници на Твитер, но тоа можеби е очекувано откако во мај минатата година американскиот претседател при посета на Буенос Аирес изразил желба неговите ќерки да се запознаат со Меси, но не наишле на позитивен одговор.

Меси подоцна изјави дека дознал од медиумите и никој не му кажал за желбата на претседателот Барак Обама која што сигурно би ја прифатил.

16 февруари 2017 - 10:04