Банега го исмеа Конте за пресадената коса, тренерот збесна

Во финалето на Лига Европа видовме светска класа фудбал, но имаше и искри на теренот. Во еден момент судијата Дани Макели не досуди пенал по игра со рака на Диего Карлос, па во целата гужва се рчнаа Евер Банега и Конте. Аргентинецот го исмеваше за тоа што Италијанецот има пресадена коса, а Конте му одговорил со: „Ќе те видам после мечот“.

Инаку Антонио Конте во '90-те години имаше речиси целосно опадната коса, а во 2000-та година направил пресадување. Ова беше причина на неколку италијански стадиони да го зафркаваат за тоа, а на едно дерби Торино - Јувентус во 2001/2002 навивачите на Торо кренаа парола со натпис: „Вие сте како косата на Конте. Лажни“. 

22 август 2020 - 16:22