Бајката на Раниери преку 15 фотографии

Тоа што сезонава Лестер е само бледа сенка на Лестер од 2015/2016 е точно, но како што кажа Мурињо, никој нема да ја може да ја избрише историјата која италијанскиот стратег ја испиша во клубот, кој 133 години не доживеал такво нешто како лани. Траеше кратко ама многу слатко и незаборавно.

Клаудио Раниери беше претставен како нов тренер на Лестер за време на летните подготовки во Австралија во 2015-та.

Кусо време по неговото назначување, италијанскиот стратег ги однесе играчите на пица во еден локален ресторан во Лестер.

Во декември месец беше јасно дека нешто посебно се случува со Лестер откако успеаа да го победат Челси по што Мурињо доби отказ.

Во месец април, невозможното стана реалност. Лестер стана шампион во Англија за прв пат во својата историја, а Раниери беше херој.

Раниери го подигна пехарот по натпреварот против Евертон во последното коло од сезоната.

Откако и математички станаа шампиони, Раниери во прес салата наздрави со шампањ.

Кристијан Фукс го избања својот шеф.

Раниери се бореше да ги задржи солзите додека неговиот сонародник Андреа Бочели пееше за време на прославата на титулата. Оперскиот пејач беше гостин на лична покана на Раниери.

Сезоната 2016/2017 ја почна оптимистички откако претходно го водеше тимот до титула за што шанси во кладилница беа 5.000/1.

Не траеше долго за неговиот главен пулен биде спуштен на земја уште при првото коло по поразот од Хал.

Во неговата втора сезона не беше потребно многу време да се сфати дека не му оди.

Но и покрај проблемите, Раниери успеа да ја мине групната фаза во Лига на шампиони, прва во историјата на клубот.

Сепак и таму не одеше се подмачкано бидејќи Лестер прими петарда на гостувањето во Порто.

Иако соопштението го тврдеше спротивното, сепак јасно беше дека Раниери е во неволја по поразот од Свонси.

Неговиот последен меч беше дуелот со Севиља на гости кој го загубија 2:1, прв за Лестер во нокаут фазата во ЛШ.

24 февруари 2017 - 14:06