Главните тези на критика се:
- Нојер е никогаш полош. Пред последното коло тој бил претпоследен по процентот на одбранети удари меѓу сите голмани во Бундеслига (58%). Полош од него бил само голманот на Нирнберг Фабиан Бредлов.
- Со Ковач е нарушена компактноста меѓу линиите. Просечното растојание меѓу средниот ред и нападот минатата година било 20 метри а сезонава е многу зголемено и поради тоа е опаднато темпото на игра.
- На мечот против Менхенгладбах, Левандовски само 12 пати ја допрел топката и тоа е неговиот најслаб показател од кога игра во Бундеслига.
- Хамес, Робен, Рибери - во клубот има многу играчи кои мислат само на себе. Фудбалерот не треба да се жали на тоа што не добива доволно време за игра или воопшто не го добива.
На овој начин во Бундеслига постапуваат со секој клуб кој минува низ криза. Но Минхенците покажале дека не се склони на критика и ова го сфатиле како прогон и лов од новинарите, па пред неколку дена првите лица на клубот свикале итна прес-конференција за да побараат од новинарите Баерн да не им биде топовска храна.
Ули Хенес, Румениге и Салихамиџиќ рекле дека Баерн е национална гордост на Германија и треба да биде вон цензурираните и срамотни текстови. Притоа ги замолиле таквите каравани да паркираат подалеку од Zebener Straße (Зебенер Штрасе).
„Има ’Репортери без граници’, а Баерн сега реши да поддржи нова организација - ’Репортери со граници’“, пишал некој револтиран навивач на Твитер.
Главниот човек во клубот, Карл-Хајнц Румениге рекол дека не му се допаѓа што светскиот шампион од 1990-та, Олаф Тон во студиото на Sky ја нарекол играта на Хумелс и Боатенг игра за старци.
Румениге ветил дека ќе ја штити честа и достоинството на играчите и тренерите на Баерн затоа што тоа се неприкосновени работи каква што е конституцијата на уставот на Германија. Директорот на Баерн се повикал на член 1 од основниот закон на Германија („Достоинството на човекот е неприкосновено. Да се уважува и да се заштитува него е должност на секоја државна власт“).
Чудно е што сите приметиле, само Румениге се правел дека не забележал дека Хумелс и Боатенг сезонава се меѓу најслабите дефанзивци во лигата. Најстабилен стопер во тимот во моментов е 23-годишниот Николас Зуле кој игра во тандем или со Матс или со Џером.
„Често читам статии како Робен и Рибери се веќе стари и не можеле да бидат стандардни првотимци. Тоа е непочитување на луѓето благодарение на кои Баерн одново е на врвот меѓу најдобрите клубови во Европа.“
Пред крајот на прес-конференцијата Румениге му се обратил на репортерот на Bild кој бил присутен во салата: „Пренесете им на своите колеги дека нивната работа е нешто повеќе од обичен copy-paste.“
Интересно е што во Баерн сериозно мислат дека новинарите не смеат да ги критикуваат Рибери и Робен затоа што овие многу му дале на клубот. Воопшто самото поведение на Баерн да ги критикува другите само затоа што го критикуваат него е апсурдно.
Ули Хенес кој седел веднаш до Румениге го прокоментирал фаулот на Карим Белараби од Баер Леверкузен над Рафиња („Такво нешто може да направи само душевноболен човек“) а дал и реплика на адреса на Озил:
„Неговата игра е срање веќе неколку години. Мило ми е што стравот конечно заврши. Неговиот последен лизгачки старт беше пред Светското првенство 2014. И сега тој и неговите посрани настапи се кријат зад таа претстава од 2014“, рекол Хенес отворено за 29-годишниот фудбалер на Арсенал кој се прости од репрезентацијата.
На прес-конференцијата претседателот на Баерн Минхен зборувал и за играч кој ниту е веќе во клубот ниту е присутен во салата:
„Замерувате зошто сме го продале Хуан Бернат. Па ради него лани испаднавме од Лига на шампиони. На мечот против Севиља беше ужасен. Во тој момент јас решив дека мора да го продадеме.“
Сосема непристојно е целата кривица за испаѓање на еден клуб да се сведе само на еден играч. И тоа само половина час откако се жалел дека новинарите ги ругаат твоите играчи.
Штефан Ефенберг кој работи како стручен коментатор, на телевизија кажал дека во Баерн состојбата со тренерот секогаш е нестабилна и дека може да се очекува отказ на Ковач во секој момент. Ефенберг исто забележал и дека Ковач не чуствува поддршка од страна на управата која му замерувала и дека не треба со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ да зборува на „својот јазик“ во соблекувална.
„Ефенберг работи на телевизија, а јас работам во Баерн. Јас никогаш не сум рекол дека го поддржувам Нико (Ковач) во се. Или треба да почнеме да се бакнуваме секој пат кога ќе се видиме за да ми поверувате?“
Шефовите на Баерн со штит го бранеле својот клуб но и селекторот на Германија. Ули Хенес го критикувал каналот N-TV затоа што во преносот пред мечот со Франција прашувал 10-годишно дете што мисли за проблемите во репрезентацијата.
Ули Хенес во тоа што новинарот прашувал ученици гледа прогон:
„Лев не заслужува таков однос. 10 години тие луѓе, вклучувајќи ги и господата од N-TV му ги бакнуваа нозете а сега се готови да го распнат. Bild подробно истражувал да најде некаков заплет и не нашол ништо што би можело да значи пристраност кон Јоги (Лев). Децата зборуваа дека на репрезентацијата и фалат млади играчи, дека немаат централен напаѓач каков што беше Клосе и го предлагаа Јирген Клоп за заменик на Лев. Тоа е фидбек од возрасните - така сега размислуваат сите навивачи на Германија“, рекол Хенес.
Хенес, Румениге и Салихамиџиќ ги настроиле против себе најголемите германски изданија:
(sueddeutsche.de) „Баерн е најголем клуб со одлични функционери но ваков настап не им служи на чест“
(stern.de) „Оваа прес-конференција личи на напад на беснило. Таквите настапи говорат за слабоста внатре во клубот“
(faz.net) „Вечни победници а сега изгледаат така малодушно“
(sportschau.de) „Баерн секогаш треба да се уважува самиот себе најмногу“
(RTL) „Ми-ми-ми наместо Mia san Mia“ (девизата на клубот)
Минхенскиот таблоит TZ покажал како треба да изгледа секој весник за да им се допадне на шефовите на Баерн: