Арсенал го налути Виетнам

„Топџиите" како прв премиерлигашки клуб кој го посетил Виетнам направиле грешка во промотивното видео при што ги возменириле во Фудбалската федерација на оваа земја.

Арсенал реши претсезонската турнеја да ја стартува во Виетнам и како прв клуб од Премиер лигата да ја посети оваа азиска земја каде ќе одигра и пријателски натпревар со селекцијата на која се очекува да привлече многу фанови.

Но во најавувањето на нивното патување тие направиле видео спот во кој го претставиле Виетнам на мапата без Спретли островите и Параселски острови кои и припаѓаат на оваа земја, а непријатно на тоа се изненадила Фудбалската федерација.

Виетнам е многу осетлив на темата околу овие острови затоа што има политички проблеми со Кина која тврди дека Спретли островите се нивни, додека за Параселските во спорот се вмешани дури шест земји.

Арсенал веднаш реагираше преку соопштение во кое стои дека имале одлична соработка со Виетнамската фудбалска федерација и дека немале никаква намера да навредат некоја земја или политичка страна.

26 јуни 2013 - 17:04