Аргентинскиот голман пак правеше циркузи

Француски Лил успеа да ја надомести негативата против Астон Вила и славеше 2-1 исто колку што изгуби на првиот меч во Англија во четвртфинале од Лига Конференции. Дуелот отиде во продолженија и пенали а таму пак глупости правеше Емилијано Мартинез.

Светскиот шампион со Аргентина, Емилијано Мартинез кој беше можеби најзаслужен за триумфот на „гаучосите“ на Мундијалот 2022 во Катар, синоќа пак правеше циркуз.

Како и за време на Светското кога на пенал серијата со Французите а и пред и потоа се глупираше, така и синоќа одбрани два пенали кои беа клучни за победа на Астон Вила и пласман во полуфинале на Лига Конференции.

ГО ИСВИРКУВАА ЦЕЛ МЕЧ, А ТОЈ ПРОВОЦИРАШЕ СО ГЕСТОВИ И ГЛУПИРАЊЕ

Емилијано не го поднесуваат во Франција поради тоа што го правеше во финалето на Светско. Сите 120 минути навивачите на Лил синоќа го исвиркуваа. Во 39’ минута Мартинез доби жолт картон за задржување време.

На пеналите кои се шутираа на голот пред трибината со најжестоките навивачи на Лил, прво му одбрани пенал на Набил Бенталеб па ги замолкнуваше навивачите. Судијата пак му покажа жолт картон но не и автоматски црвен затоа што според правилата картоните од регуларно време се бришат во серијата пенали.

Набрзо Аргентинецот му одбрани пенал и на Бенжамен Андре и играше провокаторски пред навивачите.

ИМА ПСИХОЛОШКА ТАКТИКА ДА ИМ СМЕТА НА ПЕНАЛЏИИТЕ

Во финалето на Светско 2022, Емилијано Мартинез исто одбрани два удари на Французите. Тој на секој играч кој приоѓаше кон топката нешто му дофрлаше, а најчесто им викал: „Сега си кај мене дома“. 

Често им подава рака во знак на поздрав на пеналџиите, им стега рака, ги иритира и закача. Тоа му е стилот. После одбранетите пенали на Кингсли Коман и Орелен Тчуамени Емилијано Мартинез иритантно танцуваше пред својот гол.

19 април 2024 - 09:52