А го имате ли Панини 92 со Панчев, Најдоски и другарите?

Леле вакви спомени се ова од една незаборавна селекцијата која се најде во албумот, но не заигра на тој турнир. Тие што се родени во раните 80-те и порано знаат за што зборуваме.

Македонија за прв пат во историјата се најде во Панини, ама македонски фудбалери сме лепеле во легендарниот албум и порано. Мотајте едно три децении назад и кога таму тројца нашинци кои прво играа за југословенската, а потоа во македонската репрезентација.

Тоа се Дарко Панчев, Илија Најдоски и Вујадин Станајковиќ. Предводени од Ивица Осим играа и легендарните Савичевиќ, Југовиќ, Мијатовиќ, Пикси, Хаџибегиќ, Баждаревиќ...Каков состав.

Им го одземаа учеството, ама не и сликиците и страниците во Панини. Ги собиравме како деца и покрај тоа што не беа дел од тоа Европското првенство кое се играше во Шведска од 10 до 26 јуни 1992.

Последно со 8 репрезентации, последно на кое за победа се даваа два бода и последно на кое голманите смееја да ја фатат топката со рака откако ќе му ја подаде соиграчот со нога.

Југославија не го доби учеството поради распадот и војната и како резервни селекции со најмногу бодови беа Данска и Италија. Данците предводени од браќата Лаудруп и легендарниот Питер Шмајхел направија сензација и станаа Европски прваци.

Откако ја минаа групната фаза со победа против Франција, пораз од Шведска и реми со Англија, во полуфинале беа подобри од Холандија на пенали, а во финалето ја совладаа Германија која за прв настапи откако Источна и Западна станаа едно.

Европскиот првак:

Финалистот Германија со легендарните Лотар Матеус, Штефан Ефемберг, Јирген Клинсман, Лотар Матеус, Андреас Бреме, Руди Фелер...

Италија со Малдини, Барези, Баџо, Костакурта, Виали, Ѕола...