20 години од најемотивниот говор на Марадона

25-ти ноември е денот кога ги фрли во колективна тага фановите кога си замина, а на 10-ти ноември за последен пат им ја донесе радоста да скокаат и урлаат на негов гол. Експлозија од емоции за Марадона и цела Бомбонера.

Честа да заиграат на прошталниот натпревар на Диего Армандо Марадона ја добија селекцијата на Аргентина во која дел од играчите беа Рикелме, Верон, Аимар, Занети и Ол стар тим составен од имиња како Ферара, Валдерама, Матеус, Стоичков, Рене Игита. Пеле беше на трибини.

Марадона играше за двете екипи и даде два гола од пенал, а потоа следуваше говор за пензионирање со кој го трогна не само цел стадион, туку цел свет.

Пукаше од емоции Диего, а со него и сите навивачи на Бока кои се посебно поврзани со него и како да им се сруши светот кога дознаа лани за неговата смрт.

Цитатот „Топката не се флека“ го сметаа за иконски.

„Не знам како да ви платам за оваа радост. Се обидов да бидам среќен играјќи фудбал и да ве направам сите среќни и мислам дека успеав. Ова е премногу за еден човек, премногу е за еден фудбалер“.

„Нема ваков терен како овој, храм на фудбалот. Му благодарам на Бога што ја создаде Бомбонера и што ме направи навивач на Бока“.

„Толку долго го чекав овој натпревар и сега заврши. Се надевам дека оваа љубов што ја чувствувам кон фудбалот никогаш нема да заврши исто како и оваа забава. Ви благодарам во име на моите ќерки, во име на моите родители и во име на сите фудбалери во светот “.

„Фудбалот е најубавиот и најздравиот спорт во светот. За тоа никој нема сомнеж. Бидејќи ако грешите, не мора да плаќате за фудбалот. Јас згрешив и платив, но топката не се флека“.

11 ноември 2021 - 08:26