Изгледа во право биле сите оние кои веруваат дека скотовите од луѓе, кога-тогаш ќе ги стигне заслужената казна. Еве, на пример, од Италија стига вест дека скончал злосторникот Ерик Прибке. Јеби га, на 100 годишна возраст.
Кога војникот од Германија Берт Траутман почнал да брани за екипата на Манчестер Сити во 1949 година, 20.000 англичани протестирале против него. Но само еден натпревар го сменил неговиот живот, а потоа бил возвишуван како најголем спортист во британскиот спорт. Почина синоќа на 89 годишна возраст.
Во „Последната битка" на Стивен Хардинг, која излезе од печат пред неколку дена, се опишува еден необичен настан: заедничка битка на американски војници, француски затвореници и германски војници, на крајот на Втората светска војна.
За војна лесно е да се каже која била добрата а која лошата страна. Добрата е онаа којa победила. Но, кога војната ќе се зумира на човечко ниво, работите се усложнуваат. Лошите можат да останат лоши ама на добрите не е лесно да им најдеш што е кај нив добро. Два детала од двете страни на Втората Светска Војна.
На едните им е ужасно битно да го задржат името, на другите исто толку битно да го освојат името. Милион луѓе ваму, милион таму – крв до колена. Сталинград, пред 70 години.