За Михајловиќ, Роберто Карлос, Бекам и Жунињо некако ќе разбереме, ама дека женско стапало може вака дрско во агол од 40 метри, искрено не ни се веруваше. Запознајте ја Каталина од Колумбија.
Гранит Џака и Стефан Лихштајнер го направија најциркузантскиот слободен удар на денот, неделата и годината. Прво се збунија самите себе си, а потоа сите други.
Додека светот и по 20 години се занимава и се потсеќа на мундијалскиот проектил со чудесно ефе на Роберто Карлос, некоја слична верзија на таков слободен удар падна и во Бразил. Магијата е дело на Диего Соуза од Ботафого, во натпревар против Фламенго кој Фламенго го доби со 3:2.
Светски рекордер по број на голови од слободен удар. Европа го запозна преку настапите за Лион каде летово се врати како помошен тренер на неговиот сонародник Сивлињо (да, левиот бек на Барса од времето). Па, дами и госпда, уживајте:
Полуфинале на Куп на Малезија. Паханг против Перак. При резултат 2:1 во 93' минута, домашниот играч Херолд Марк Гулон мести топка на повеќе од 60 метри од противничкиот гол. Сите мислат дека ќе се обиде да центрира, а царот шутира и....
Можеби ќе ве потсети на корнерот на Ливерпул во финалето на ЛШ, но сепак фората не е баш иста. Инаку ова е натпревар од Голд Купот против Бермудските острови, а шемава веројатно добро ја извежбале мангупиве.
Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште.
Младинско Светско првенство У20 во 1995 година во Катар. Португалците Дани и Бруно Саиреш глумат караница меѓу себе за тоа кој да го изведе слободниот, а на крај голманот е матиран.
Гурник Забже од Полска изведе слободен удар кој ниту го вежбале, ниту можеле да го извежбаат, бидејќи ова не се вежба, туку се случува чисто случајно или што би се рекло несакајќи.
Класниот раководител да има посебен третман за детево и да го ослободува од часови кога и да посака. Значи никако замарање со хемија, физика или биологија. На детево му треба само топка, бидејќи планира да биде Дејвид Бекам или Жунињо.
Синиша Михајловиќ сигурно бил црвен од срам по 15 минути игра во Бергамо, ама без разлика на дебаклот не бива ако не му пружал рака на Рикардо Орсолини. Погледнете од каква позиција и даде гол на Аталанта. Секоја чест за левицава.
Фалкао и Рикардињо се асоцијација за футсал. Првиот е пензиониран, ама тоа не значи дека не оди повеќе по сали. Го гледаш видеово и ти е непријатно за овие од жив ѕид. После голов требаше да напуштат. Реално.
На човек со 5 златни топки и 5 трофеи во ЛШ тешко е да му најдеш маана. Слободните удари уствари него му се далеку од маана, бидејќи ги гаѓа јако, ама на Мундијалот во Бразил кога се најде во една слична ситуација како вчера Пјаниќ, што да ви кажеме. Кристијано Шумуликоски.
Добро толку ли немаат акал Грците, па на Миралем Пјаниќ му ставаат еден човек на жив ѕид или еден ко ни еден? Остај тоа вие далеку е, нема шанси да ја даде од таму. Ова е за него пенал.
Не е ова некој официјален натпревар кој има резултатска важност, ама затоа се работи за меч на кој Кристијано Роналдо го постигна еден од најубавите голови од слободен удар во кариерата. Можеби ќе се присетите на оваа бомба. Само 22 години има тука.
Остајте ги вие Пирло, Жунињо, Бекам и Синиша Михајловиќ. Треба да го видите премиерот на Бугарија да видите што е моќен удар. Роналд Куман не му е рамен.
Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?
На 4 ноември Челси играше против Динамо Киев во ЛШ, а вчера се сретнаа во ЛЕ. Вилијан имаше можност да шутира слободен удар на двете средби од речиси идентична позиција. Пронајдете ги разликите. Ние забележавме дека пред 4 години голманот барем се фрлил, а вчера остана како кип.
Кога последен пат сте виделе вака некој да си поигра со Реал Мадрид на Бернабеу? Кога последен пат сте виделе да примат голчиште од ваков агол? Она што го направија децата на Ајакс е сензација, а евроголов ќе се врти со години.
На 2 март меѓународниот совет на фудбалски асоцијации IFAB (организација која што се занимава со регулирање на правилата во фудбалот) се собрал во Абердин и утврдил неколку измени во правилата.