Откако во 2013 на ЕУ и прекипува од даночното глумење лудило на Ирска и почнува да ја гази својата членка да прекине со тинтрањето на мултинационалните корпорации, Епл се пушта во потрага по нов даночен рај. Го наоѓа во Англискиот канал веднаш карши брегот на Франција, на островот Џерси. Речиси инстантно централата на компанијата и 252 милијарди долари неоданочен приход беа преселени на островот.