Таг: пеп гвардиола

Пеп па Карло, тие се

Ако во денешно време треба да се каже кој е асоцијација за тренер, тоа сигурно е Пеп Гвардиола. На 52 години има освоено 32 трофеи и во само 14 години кариера стана прв тренер со импресивни 10 полуфиналиња во ЛШ.  Веднаш по него е стариот лисец Анчелоти со едно полуфинале помалку. Инаку 63 годишниот Италијанец има 25 трофеи.

Гвардиола: Емотивно сум уништен, ми се скратија 10 години од животот

Иако има 3:0, Пеп воопшто не е комотен и сигурен дека го има полуфиналето в рака. Со тресење на главата објаснува колку е емотивно истрошен и ја доловува тешкотијата за да се добие шесткратниот европски првак од каде дојде во Манчестер Сити.

Гвардиола ифрит лут на прашањето дали земал пари под рака во Сити

Манчестер Сити ќе има многу за објаснување откако Премиер лигата вчера го обвини за 100 прекршувања на финансискиот фер плеј. Под лупа се начините на кои биле наградувани играчите, како и Манчини како тренер. Пеп не е воопшто ќеифлија кога ќе добие прашање надвор од фудбалската игра.

Гвардиола во 1 минута објаснува како најопасно да нападнеш

Човекот со 32 трофеи, освоени за 14 години, кој е препознатлив по пас играта, објаснува зошто е подобро тимот да напаѓа по средина отколку странично.

Океј е Пеп, друг пат не те прашуваме кога губиш

Во Гвардиола има доста материјал за една квалитетна комична компилација од разно разни спонтани ситуации. Последната е од првиот пораз вчера од Ливерпул.

Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд

До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.

Тик Ток будалаштина за Пеп со македонските девојки

Чувте ли за новиот фудбалски клуб ФК Слободен? Освежување на македонската фудбалска сцена за кое ви најавуваме детаљи за утре. Деби сезоната ја стартуваат викендов, а на Твитер веќе газат.

Еј немој само картон, дој да се гушнеме

Со мајсторијата на Халанд, Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија Дортмунд, а Пеп Гвардиола имаше забелешки кон судијата Орсато. Си има свои смешни моменти шпанскиот стратег од кои може да се направи многу богата компилација.

И? Се објаснивте ли Пеп?

А вака убаво, сликовито објаснува човекот.

Навивач го бркаше Гвардиола на точак за фотка

Стратегот на Манчестер Сити му влезе на кадар и прво не сакаше да застане, ама откако овој почна упорно да го брка, Пеп застана и делуваше исплашено. Сепак беше темница, без никој друг да има во близина.

Гвардиола: А во 70-те и 80-те кој трошеше најмногу пари, Норич?

Манчестер Сити ја надмина границата од милијарда евра за трансфери откако на кормилото е Пеп Гвардиола, а последното засилување им е Халанд кој го купија за 60 милиони евра. Општата критика до шпанскиот стратег е што и на таа пара, уште не може да освои ЛШ. Тој на тоа одговара дека кога Ливерпул и Манчестер Јунајтед доминирале, тие трошеле најмногу пари, а не Норич или Лестер.

Реакцијата на Пеп кога Винисиус со еден потег го поништи Фернандињо

Натпревар со 7+ во полуфинале од ЛШ не се испушта, а меѓу задолжителните пикантерии од мечот влегува и реакцијата на Гвардиола кога Винисиус Жуниор го исфрли од игра Фернандињо. Пеп беше очаен и се свитка како клопче, а потоа клекнат на земја под тензија го следеше спринтот на Бразилецот кој го матираше Едерсон.

Гвардиола брутално искрен за себе и Биелса

Тренер со толкава слава и успеси кои повлекуваат силно его и суета е просто неверојатно да признае вакво нешто за себе и да ја истакне способноста на колега, во случајов Марсело Биелса.

Во меѓувреме, да го ѕирнеме Пеп на МТВ

И онака Манчестер Сити имаше слободен ден во средата.

Лудата голгетерска статистика на Сити со Пеп со која не може никој

Дел од резултатите на Манчестер Сити оваа сезона се: 5:0 Норич, 5:0 Арсенал, 1:5 Клуб Бриж на гости па 4:1 дома, 6:1 Викомб, 6:3 Лајпциг, 7:0 Лидс, 0:4 Њукасл, 6:3 Лестер, 1:4 Свиндон, 4:1 Фулам, 0:4 Норич и синоќа 0:5 Спортинг. Доволно е?

„Ел Класико“ војната која се повтори четири пати во 18 дена

Помина една декада, а како вчера да беше. Што тоа? Незаборавното и неповторливо соочување на Барселона и Реал Мадрид, со Гвардиола и Мурињо, Роналдо и Меси и тоа четири пати во финишот на сезоната. Битка вредна три трофеи. Или си шампион или лузер, трето нема.

Кога Гвардиола не веруваше што гледа од својот голман

Навикнат е Пеп неговите екипи да играат убав, допадлив фудбал за публика. Со многу додавања, врвни акции, дриблинзи, шанси. Ама се збуни кога го виде голманот Едерсон како си игра на сред терен против Вулверхемптон.

Не им е доста, од лакомост сакаат да направат Светско првенство на секои 2 години

Идејата за Мундијал на секои две години со која би се обесмислила дражта и убавината на Светско првенство, за некое чудо проистекнува од еден од најголемите борци за правда и спортско витештво, Французинот Арсен Венгер.

Пеп Гвардиола се восхитува на летот на гуски во јато и прави таква формација

Во свежиот документарец на Манчестер Сити „Заедно“ (Together) премиерно прикажан на клупскиот Јутјуб канал кој раскажува за последните неверојатни недели од минатата сезона, има и едно необично откритие.

И на Пеп знае да му прекипе претерана прослава

Финалистот во Лига на шампиони и шампионот во Премиер лига, Манчестер Сити имаше играч помалку уште во 10' минута на гости кај Брајтон, но и покрај тоа „граѓаните“ во 48' минута веќе водеа со 0-2. До крајот домаќинот направи тотален пресврт, па Гвардиола и колегите беа разочарани од односот на домашниот тренер Грем Потер.

И на Пеп знае да му прекипе претерана прослава

Финалистот во Лига на шампиони и шампионот во Премиер лига, Манчестер Сити имаше играч помалку уште во 10' минута на гости кај Брајтон, но и покрај тоа „граѓаните“ во 48' минута веќе водеа со 0-2. До крајот домаќинот направи тотален пресврт, па Гвардиола и колегите беа разочарани од односот на домашниот тренер Грем Потер.

Татко му на Гвардиола ужива да дава интервјуа, Пеп се нервира кога открива детали

Во вторникот вечер Сити го совлада ПСЖ со 2:0. „Граѓаните“ за првпат во историјата ќе играат финале, а Пеп Гвардиола првпат после 10 години. Последен пат освои во 2011 кога со Барса го победи Јунајтед 3:1.

Прво финале на Лига на шампиони за Манчестер Сити, ПСЖ урнат на контри

Фудбалерите на Манчестер Сити по вторпат го победија ПСЖ, овојпат на својот стадион. Со двата гола на Ријад Марез после феноменално одработени акции, Сити славеше 2-0 и заслужено оди во големото финале.