Таг: пенал

Бидна и тоа, падна 250-от гол на Тоти во Серија А

Попладнево во Торино, тренерот на Рома Лучано Спалети го стави Тоти во игра во второто полувреме место Де Роси, а домашната публика го поздрави со долг аплауз. Само десет минути подоцна Il Capitano го постигна 250-от гол во најдобрата италијанска лига и тоа против Џо Харт од Торино.

Во Босна да ти било бетер од кај нас

„Јас не знам каде оди фудбалот во БиХ“, изјави тренерот на гостинскиот тим Широки кој загуби на гости од Радник Бјелина со 2:1 од пенал во 93-та. А пеналот не би го досудил ни камен пијан судија.

Имаше ли пенал за Македонија?

Нашите репрезентативци имаа огромна шанса за 2:2 во 92-та минута, но турскиот судија реши да не свирне пенал при оваа спорна ситуација откако Ванче Шиков беше соборен.

Колку несреќна имитација на Барселона

Пеналот кој го вратија во мода Меси и Суарез, се обидоа да го изведат во Перу. Добро тргнаа дечките, само фалеше некој да ја помести стативата едно 2 сантиметри. 

Моментот кога Анри треба да коментира пенал за Ирците

Во студио се Гери Линекер како водител, а Тиери Анри, Алан Ширер и Рио Фердинанд како гости. Темата е дали имаше пенал или не за Ирска против Франција на што право на мислење доби и Анри, човекот кој му асистираше со рака на Галас против нив на квалификациски меч за СП 2010 и поради тој гол не отпатуваа во Јужна Африка. Реакцијата му е врв.

Како Панчев со Фичо бил „криумчарен“ до Словенија

Црвена звезда го прослави јубилејот 25 години од освојување на Купот на Европските шампиони во Бари 1991, а за таа прилика новинари од регионов зборуваа со играчите. Во интервју за српски Телеграф, Панчев раскажува неколку анегдоти меѓу кои и таа кога со Фичо го возеле до Словенија за другите клубови да не го убедат да потпише со нив.

11 годишниот пеналџија против татко му

На татко ти му прават јубилеј 10 години служење во ист клуб и на мечот добиваш шанса да видиш колку го бива на бранење на 39 години. Ова е голманот на Саутемптон, Келвин Дејвис и неговиот син, по ова што го видовме изгледа роден пеналџија.

Олимпија до титула после 21 година со пенал во 94-та минута

Фудбалерите на Олимпија Љубљана се шампиони на Словенија, откако го победија Рудар на гости со пенал во ’94-та минута и на тој начин на коло пред крајот ја обезбедија титулата пред лутиот ривал Марибор кој пет години по ред беше првак. Олимпија Љубљана ќе ја претставува Словенија во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сте виделе ли ваков пенал до сега?

Ќе ви одговориме ние. Не се виделе и нема ниту да видите. Играчов што шутираше има среќа за пенали колку што имаше Роберто Баџо на Светско во 94-та.

Голман ксметлија во Бразил

Колку чудна, толку и среќна парада на голманот Рафаел Робаљо за време на мечот меѓу Глорија и Интернационал во Гаучо првенството на Бразил.

Што ве вртам јас ќе го шутирам пеналот

Додека ти се мислиш на која страна да му шутираш пројде возот,  а царот кој беше прецизен од белата точка имаше и верна придружба за на прославата да не биде сам.

Братска изведба на пеналот на Меси и Суарез

Ударот од 11 метри на Барса против Селта мина успешно во Бахреин, па неуспешно во Зимбабве. Третиот обид на копи паст пеналот им успеа на двајца браќа од Аргентина кои играат по пониските лиги.

Меси и Суарез од Зимбабве

Родерик Мутума и Валентајн Н`Даба кои играат за Динамос од Зимбабве ги глумеа Меси и Суарез од Барселона. 

Меси и Суарез од Бахреин

Како дополнување на петте необични пенали еве уште нешто на таа тема што ретко се гледа. Меси и Суарез против Селта всушност ја оживеаа идејата дека од пенал не мора директно да се шутира во гол.

Барселона изведе акција од пенал

Меси, Суарез и Нејмар сезонава ги даваат речиси сите голови за Барселона, а на вечерашниот меч против Селта (6:1) изведоа нешто ново на Камп Ноу во кое учествуваа првите двајца,

Како се изведуваат пенали во Гватемала

Гватемала игра футсал натпревар против Панама. Гватемала шутира пенал против Панама. Гватемала изведе мангупски пенал против Панама.

Хулк, не е секој ден Велигден

По лажњакот со кој насмеа милиони прегледи на Јутјуб, Хулк се обиде да го повтори шутот, но овој пат малку погрешно пресмета.

Торко

Ако некој ова коло не знаеше кај тера откако погоди пенал, тоа е фудбалерот на Пескара Андреа Коко. 

Аплауз за најлошиот пенал во историјата

Клубот е Брора Ренџерс од шкотска петта лига, а на тој што ќе му се смеат цел живот се вика Стив Мекеј.

За ова свирна пенал?

На дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Хилал во Саудиска Арабија, бекот Салмин Камис нормално ја градеше топката додека таа не излезе во гол-аут. Следуваше судиска одлука која го запрепасти цел стадион, а на крајот правдата дојде на свое место.

Скандинавски Матрикс пенали

Ојстеин Братен нема врска со фудбал затоа што е скијач и беше дел од Олимписките игри во Сочи, но кога ќе видите што направи ќе сфатите дека има врска од фудбал.

Измама за промашување пенал

Ли Бум од јужнокореанската екипа Бусан Ипарк направи наивна финта за противникот да промаши пенал како да не знае дека се се снима. Планот му успеа, но фудбалската федерација веројатно нема да замижи.