Таг: офис

Зошто да гледаш нови серии кога можеш пак да ја гледаш Офис?

Со посебно задоволство, мерак и задоцнување сакаме да ве потсетиме дека на Нетфликс пак го има „Офис“, комплет од прва до последна епизода, од американските, со што е отворена зимската сезона на повторување на серијата.

Зошто Ен-би-си плати 500 милиони долари за Офис

100 милиони долари за година и Офис 5 години официјално се сели од Нетфликс на како и да се вика новиот стриминг сервис на Ен-би-си Универзал. По 2020 година.

10-ка од Двајт

Иако последната епизода се емитуваше пред речиси 2 години, Двајт од Офис останува еден од најтоплите и најмилите ликови што се појавиле на телевизија... под услов конкуренција да му е гипс картон.

Детска сликовница без слики

Како покрај сите оние 3-Д сликовници кои се натпреваруваат во тоа која повеќе ќе блеска, свири и шушка да ги вратиш децата кон убавиот, смешен и интересен пишуван збор? Напиши книга за нив без слики. Ако функционира, продолжи со порно списанија за возрасни во кои ќе има само текст. И да пропаднеш, колку-толку ќе бидеш концептуален. 

The Office bloopers

Не е дека си го правиме меракот, ама си го правиме меракот. Речиси 2 часа блупери од Офис, од цели 7 сезони. Ги нема само прва и деветта сезона.