Зошто да гледаш нови серии кога можеш пак да ја гледаш Офис?

Со посебно задоволство, мерак и задоцнување сакаме да ве потсетиме дека на Нетфликс пак го има „Офис“, комплет од прва до последна епизода, од американските, со што е отворена зимската сезона на повторување на серијата.

Тоа што за нас е веројатно последниот добар ситком што се емитувал на телевизија, не мора да е и за вас.

Како и да е, ги има 9 сезони (држи аргументот и дека можеа да бидат 1-2 помалку) што ве чекаат за гледање. Ако сте ги изгледале, составивме една листа од видеа на тема Офис, од тоа како е снимана првата епизода и некои подлабоки анализи на серијата и ликовите до блупери. Ако не сте ја изгледале, може ова ќе ве предомисли.


Како беше сниман пилотот за Офис

 

Кога би ја немале гледано серијата и видите кои се луѓе им минале на кастинг, ќе мислевте дека Офис можеше да биде неспоредливо подобра. Ако сте ја гледале серијата, јасно ви е дека тоа е невозможно.

 

Правилата за функционирање на Офис

 

Зошто Мајкл Скот е најдобриот шеф на светот

 

Една анализа за тоа зошто беше сменет оригиналниот Мајкл Скот (како лик, не како актер)

 

Судирот со Тоби

 

А и најдоброто од Мајкл Скот

 

Десет најомразени ликови од серијата

 

Офис имаше и Матрикс сцена која никогаш не беше емитувана

 

Некои од парчињата што не беа во сценарио

 

Како не успеа спинофот на Офис

 

Како за крај блупери од сезоните:

25 октомври 2021 - 17:25