Таг: новак ѓоковиќ

Уживај Сабаленка, никој ништо не слушна

Мелбурн 2024-та или кога и тенисерите сакаат да се опуштат.

Сите меч поени на Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз

Твитерот на Олимпијадата денеска нè потсети на еден свеж и неверојатен тениски успех на челичниот Новак Ѓоковиќ. Да потсетиме, 6 од 6 и тоа без загубен сет, како и требење на двајца шпански асови. Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ и Мекинро vs Агаси и Алкарас

Како увертира на УС опен (26 август - 8 септември), во Њујорк се одигра егзибициски меч со многу забава и со четворица ликови кои тежат 43 гренд слем титули.

Синсинати без Ѓоковиќ и Алкараз ти е сиромаштија од тенис

За 1 час и 37 минути игра, Јаник Синер го победи Франсес Тиафо со 2-0 (7-4 и 6-2) и го освои мастерс турнирот во Синсинати. Турнирот помина некако незабележително. Има и зошто. Не учествуваа најдобрите. Погледнете ја оваа нивна лавовска битка во финишот од последниот сет минатата година во финале.

Ѓоковиќ во 2012-та зборува за својата иднина

Свесен дека кариерата на еден тенисер е до 30-32 години, Новак изјавува дека нема лимити до кога ќе игра и дека тоа ќе го прави сè додека го води срцето во играта и желбата за победа. Вели најважно е да се има самодоверба.

Новак уште од кола ја запали масата во Белград

Петте олимписки медали се прославија на големо во Белград, а фештата ја најави најдобриот тенисер во светот уште на доаѓање.

Спектакуларна фешта за српските олимпијци во Белград

Српската олимпијска делегација се врати дома со 5 медали. Златото го освоија ватерполо репрезентацијата, Новак Ѓоковиќ и стрелачкиот тандем Микец-Аруновиќ. Со сребро се закити таеквондистката Александра Перишиќ, а бронза земаа кошаркарите. Преку 70.000 луѓе ги пречекаа во Белград, а славјето ќе остане незаборавно.

Новак Ѓоковиќ - крај на балканската инфериорност

Неговата последна победа беше толку потребна како за него така и за народот што живее на овие простори. Оваа победа го вознемири во јадро длабокиот запад, зошто веќе знае дека еден излезе од Матриксот што ни го наметнаа. 

Ѓоковиќ, Типсаревиќ, Влаховиќ, црно вино и „Мики Милане“

Третиот сет од финалето се играше во српски ресторан во Париз.

Надал поштено честиташе, Федерер никаде го нема

Без никакво его, фрустрација или комплекс, Рафаел Надал кој го изеде дебело во 2. коло од олимпискиот првак, му честиташе на Инстаграм на Ѓоковиќ за златниот медал, пост кој Новак го реобјави. Роџер тивок како и секогаш.

Ѓоковиќ: Потполно сум во шок, имам милијарда емоции

„Пресреќен сум и прегорд што и донесов злато на Србија, ова можеби ми е најголемиот успех во животот“.

Ова ли е тоа што го викаат GOAT?

Ако после 24 Гренд слем титули уште постоеа дилеми за тоа кој е „Greatest Of All Time“, дебатата крајно време е да заврши. Читајте внимателно. Сè е кажано.

Емоции до небо во Париз, Ѓоковиќ со златен медал како круна на кариерата

Новак Ѓоковиќ се надмина себе си и дефинитивно е тениски Бог. Трофејот кој му недостасуваше во и онака величествената кариера со рекордни 24 Гренд слем титули, го освои на Олимписките игри и тоа на 37 години.

Уметноста во играта на Ѓоковиќ и делириумот на навивачите

Околу еден месец после операција на колено, Новак Ѓоковиќ на 37 години прво се избори за финале на Вимблдон, а потоа и за финалето во Париз и тоа без загубен сет на сите натпревари. Тој е најстар тенисер во историјата кој успеал да стане финалист на Олимписки игри. Со 2:0 ги збриша Ебден, Надал, Копфер, Циципас и Музети, а за златниот медал ќе се бори против Алкарас, во недела со почеток од 12 часот.

Јокиќ не дише кога игра Ѓоковиќ

Снимката не е од Олимпијада, бидејќи на видеото го има тренерот на Денвер, Мајк Мелоун. Но сепак интересно е да се види со колку голема страст еден врвен спортист, навива за друг врвен спортист и сонародник.

Поенот кој ја одбележа битката на титаните

Ѓоковиќ лесно го суреди Надал со 2:0, но ќе беше уште полесно ако го немаше оној пад при водство од 4:0 во вториот сет. Ако треба да го избереме најатрактивниот поен кој му го зема на човекот кој царува на земјината подлога на Роланд Гарос со 14 трофеи, тогаш тоа е ова безобразно враќање, за кое и од противникот доби аплаузи.

Ѓоковиќ го збриша Надал во два сета и го исфрли од Париз

Кралот на земја има само 5 порази на Роланд Гарос на дури 117 меча. Три од нив му се од Новак Ѓоковиќ.

Последниот олимписки дуел Ѓоковиќ - Надал

Таа нивна битка на Олимписките игри датира од полуфиналето во Пекинг 2008. Тука Рафа има 22, а Новак 21 година. Шпанецот победи 2:1 и се пласираше во финале каде го совлада Чилеанецот Фернандо Гонзалес и тоа му е единствен златен олимписки медал. Ѓоковиќ остана на бронзата.

Си биле двајца Македонци и еден Србин

На Олимписките игри има место само за најдобрите.

Мега спектакл во Париз, Ѓоковиќ vs Надал

Ждрепката на Олимписките игри во тенис, не можеше да биде попривлечна за неутралната публика, а понесреќна за Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Едниот од нив двајца ќе мора порано да ги пакува куферите.

Дејан Ловрен за Новак Ѓоковиќ

Дефанзивецот на Хрватска кој освои второ и трето место на последните два Мундијали им одржа куса лекција на оние кои во 21 век уште се бават со национализам.