Таг: нацисти

Неснимениот филм на Кјубрик за џезот во Третиот рајх

За џезот за време на Втората светска војна, и начините на кои успеал да преживее, веќе пишувавме. За истава тема се интересирал и Кјубрик, кој сакал да сними филм за еден офицер на Луфтвафе, љубител на свинг, кој пишувал за музичките сцени во окупираните градови под псевдонимот д-р Џез.

Холивудскиот бункер на Хитлер

Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.

Толкин до нацистите: „Жалам, не сум Евреин“

Во 1938., неколку месеци по првото објавување на „Хобит", Толкин и неговиот британски издавач, Стенли Анвин, почнале преговори со издавачка куќа од Берлин, која сакала да го преведе романот за германскиот пазар. Сè било во најдобар ред, додека Толкин не добил писмо од Германциве, во кое од него се барало да го докаже неговото ариевско потекло.