На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.
И покрај дебаклот од Валенсија (коефициент зa 2-2 3+ во една кладилница беше 35) и третиот пораз во низа во Ла Лига, јубилејов не е за занемарување. Никлас Бентнер на пример да има 5 фудбалски кариери нема да му успее ова.
Плачот на чичкото со брковите кој го гушна пехарот, неславното пензионирање на Зидан, канибалот од Уругвај, Ферги, Меси, Клосе...Неколку фудбалски моменти кои кога ќе старат ќе бидат историски.
Супер е човек да се наоѓа во листата на топ 10 најплатени фудбалери. Таа никогаш не стагнира, а ниту некогаш одела назад. Најплатените 10 фудбалери во светот се сè повеќе платени и не живеат само од плата во своите клубови.
Едно од најмоќните оружја во денешниот фудбал е брзата контра тогаш кога противникот најмалку очекува и кога единствен спас му е добра голманска реакција. Кои се најбрзите 10 контри во помодерната историја?
Величе vs величината на светскиот фудбал во неколку споредби во кои подобар е поранешниот македонски репрезентативец кој настапува за фудбалскиот клуб Словачко од Чешка.
Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.
Точно четири години поминаа откако ја видовме една од најдобрите партии на Меси во дресот на Барселона и точно четири години од моментот кога еден играч успеа да постигне 5 гола на еден меч во Лигата на шампионите.
Аргентинецот е играч кој истрчал најмалку километри во Лигата на шампионите сезонава по Налдо, централниот стопер на Волфсбург но и покрај тоа секогаш ги решава мечевите.
Не паѓај и не се откажувај е мотото на новата реклама на Гејторејд, негазиран безалкохолен спортски пијалак кој пример за успешност зема од најдобриот светски играч според ФИФА, Лионел Меси.
Лас Палмас, тимот од Канарските острови е најтешкото гостување на Каталонците кои имаат негативен учинок против Канарците кога играат кај нив. Во што лежи причината?
Лионел Меси предизвика 10 млади фудбалери да повторат како него, а тоа е од корна да ја погодат пречката. Идејата е на Адидас, а со оглед на тоа кој прв почна може да стане хит и веќе почнаа да го копираат и други.
Познатиот италијански пеач Ерос Рамацоти постираше на својот Твитер профил дел од тренингот на Барселона на кој присуствувал утрово каде бил сведок на нова лудост на Меси.
По интересната изведба на Меси на пеналот против Селта Виго синоќа, се вратија сеќавања на Јохан Кројф кој често знаел да мести гол од пенал. Но Холанѓанецот не го изумил ова, туку Белгиецот Рик Копенс уште во 1957-ма против Исланд.
Меси, Суарез и Нејмар сезонава ги даваат речиси сите голови за Барселона, а на вечерашниот меч против Селта (6:1) изведоа нешто ново на Камп Ноу во кое учествуваа првите двајца,
Мирандес е екипа која важи за нагазна мина за фаворитите во шпанскиот Копа дел Реј. Со фантастичен фудбал добиваа аплаузи на Риазор, Ла Ромаледа, Санчез Писхуан и успешно се бореа на два фронта, во купот и првенството.
На церемонијата по повод изборот за најдобар играч на годината според ФИФА, трогателни кадри беа разговорите на Кристијано Роналдо, Нејмар, Меси и другите фудбалски ѕвезди со Фернандо Риксен, поранешниот фудбалер на Ренџерс и Зенит кој боледува од ретка болест.
Иако велат дека се почитуваат, двајцата ривали никогаш не гласаат еден за друг кога е во прашање Златната топка. Гласовите најмногу им ги делат на клупските колеги, а Меси не го пропушта Иниеста.
Меси по петти пат ја доби најпрестижната награда на ФИФА, Златната топка за најдобар фудбалер на светот. Во изобилството гласови и честитки, најмногу му значеа оние најрелевенантните, од колегите на теренот.