Во понеделник рано наутро по наше време во Њу Орлеанс ќе се одигра Супер Боул, односно натпреварот кој со нетрпение го очекуваат сите фанови на американскиот фудбал, но и луѓето кои обожаваат да вложуваат пари на чудни опклади.
Добро е! Годината ни тргна со добивка. Првиот тикет кој ни пристигна во новата година е махерски. Нека се множат вакви, а помалку да ни испраќате малерски.
Оваа сезона на натпреварите од еден од најпопуларните спортови во САД, американската рагби НФЛ лига се случија многу малку изненадувања, па кладилниците од Лас Вегас ги претрпеа најголемите загуби во нивната историја од исплата на добивките на оние кои се кладеле на фаворитите.
Боксерот Флојд Мејведер Јуниор е на врвот на листата на најплатени спортисти во светот, но тоа не му е пречка за тој редовно да уплаќа во кладилница. Само во 2012-та година според тикетите кои ги објавува на Твитер, тој ќарил 4,3 милиони долари.
По извлекувањето на паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони и кладилниците ги објавија новите коефициенти за освојувањето на титулата, а според нив, шансите дека Барселона ќе оваа година ќе биде шампион на Европа сега се уште поголеми.
Македонскиот фудбал памети неколку големи изненадувања (пр. Андора-Македонија 1:0), но тоа не е ништо во споредба со изненадувањата на некои натпревари од светскиот фудбал од кои најмногу настрадале кладилниците.
Или можеби треба да пишеме „ах тој судија". Колку ли само тикети ќе беа добитни ако судијата најнапред не го поништеше голот на Агуеро во 88-та минута, а потоа досудеше пенал за влечењето на Балотели во 95-та минута.
Недобитните тикети ги ставаме во категорија „малери“, ама овој е махер. Треба да си стварно махер да составиш тикет со волку промашени. Го молиме махерот следното коло да ни ги испрати неговите типови за ние да уплатиме контра.
ФИФА ја објави листата од 23 номинирани фудбалери за признанието за најдобар фудбалер на светот во 2012-та година, по што и на кладилниците не им требаше многу време да ги објават своите коефициенти според кои Лионел Меси е главен фаворит за освојување на наградата по четврти пат.