За англискиот кралски хор да ги содржи најдобрите детски гласови во земјата, тие морале некако да се „регрутираат“. А ако не сакале со мило, тогаш - со официјална дозвола - тоа можело да се стори и на сила.
Зинедин Зидан еднаш изјавил дека нема фудбалер кој рамнодушно ја слуша химната на Лига на шампиони. „Просто е магија. Дури и ако си фудбалер кој гледа од дома, оваа песна ќе ти го привлече вниманието“, рекол Зизу.
Во северна Манитоба во Канада, еден бизон постојано бега од ранчот каде живее. Локалците го нарекуваат бегалецот Фреди, и тој веќе има статус на локален „селебрити“. Сега во негова чест е компонирано и специјално музичко дело.
Веројатно ако некогаш дојде денот кога последниот човек ќе ја затвори планетава и ќе се исели на друго место, оваа верзија на „Smells Like Teen Spirit“ ќе оди во позадина. Главниот вокал е 17-годишната Меккена Бреинхолт и е придружена од оркестар и хор од 110 луѓе.