Таг: голман

16-годишен голман го чува голот на Милан

Џанлуиџи Донарума попладнево на клупата ги седна Диего Лопез и колегите и застана на голот на Милан против Сасуоло. За него пишувавме кога наполни 16 во февруари годинава. Го сметаат за наследник на Џиџи Буфон, а менаџер му е контроверзниот Мино Раиола.

Среќа голманска

ПСВ Ајндховен со 1-3 го совлада Твенте во дербито од холандското првенство, но малку фалеше резултатот да биде поинаков по вина на голманот Жерон Зоет.

Ова може да си го дозволи само Штербик

Вардар вечера на Кјелце му го нанесе еден од најтешките порази, а херој на мечот беше Арпад Штербик кој целосно го поклопи голот. Вакви егзибиции може само него да му се простат.

Зошто голман во Русија излегува три пати?

На мечот ФНЛ Том - СКА Енергија во Русија, гостинскиот голман Јури Дјопин наместо во судиското продолжение, во противничкиот шеснаесетник одеше на три пати во текот на мечот. Првиот пат во 64-та минута при резултат 1-0 за домаќините. На пресот после мечот изјавил дека тоа била одлука на тренерот Александар Григорјан, а не негова.

Голмански рулет

Да се коцкаш со противничкиот напаѓач во својот шеснаесетник е лудост, но алжирскиот голман Малик Аселах ја доби партијата рулет и доби аплаузи од цел стадион.

Голман, гледаш ли кај ја фрлаш?

Голманот на Некакса од Мексико, Хавиер Касо на мечот против второлигашот Закатепек уште еднаш ја потврди тезата дека за да бидеш голман треба да си навистина талентиран.

Голманот после ова треба да си оди дома

Рафаел Силва од бразилскиот второлигаш Макае, ќе има многу за објаснување кај тренерот и колегите после мечот со Ботафого.

Дида како сега да почнува да брани

Во кариерата смени 8 клубови а најдолго се задржа во Милан, каде го чуваше голот од 2000 до 2010 година. Во моментов на 41 година брани во бразилскиот Интернационал и тоа во одлична форма.

Голманска инерција

На мечот Лехија - Лешна во полската Супер лига, гостинскиот голман уште во седмата минута доби директен црвен картон. Причина: Се заборави дека е надвор од шеснаесетникот. Иако резервниот голман подоцна правеше чуда, Лешна загуби со 3-1.

Нов напаѓач меѓу голманите

Зденек Зламал е голманот кој постапи јуначки како Мартин Хансен. На корнерот во 92 минута никој не му текна дека треба да му залепи чувар, а тој од ситуацијата профитираше со погодок вреден бод за неговиот чешки тим Дукла Праха.

Голманска грешка на денот

Од сето ова добра му беше само намерата, а тоа е да ја извади топката од гол.

Голманов да не ја играл 5+?

На дуел од третата аргентинска лига меѓу Комуникационес и Атланта, гостите славеа убедлива победа но триумфот остана во сенка на глупавата реакција на домашниот голман. Дали намерно си даде глуп автогол или не, проценете сами.

Желбата е на прво место

Иако нема ниту барем малку трева и гол со чудни пропорции налик квадрат, детево од Африка упорно тренира во овие мизерни услови. Му посакуваме успешна голманска кариера во Европа.

Не ми пишувајте после 18, одмарам

На резервниот голман на Келн, Томас Кеслер не му помогнал статусот на Фејсбук каде барал пријателите да не му пишуваат на ВотсАп после 18 часот, па решил да си помогне со натпис на копачките.

Голман на денот

Има одличен голмански рефлекс, фантастичен процент на одбрани, 11.000 следбеници на јутјуб, а местото на живеење му е во Јапонија. 

Голманот со 25 клубови кој не заиграл само на Антарктик

Луц Фаненштил е Германец кој го одбил Баерн Минхен, играл на шест континенти и лежел 101 ден во затвор во Сингапур. Во моментов работи како скаут на бундеслигашот Хофенхајм, а најубаво вели дека му било во Намибија, каде одел со автостоп на гостувања.

За гол не мора секогаш да постои шанса

Рожерио Сени како голман може да се пофали со над 100 голови во кариерата, но му фали еден ваков лудачки кој беше решавачки на бразилскиот нисколигашки меч Операрио - Национал 2:1.

500 пати Икер Касиљас и Реал Мадрид

На синоќешкото гостување против Елче (0:2), Икер Касиљас по 500. пат го носеше дресот на Реал Мадрид во Ла Лига. Своето деби за кралевите го имаше во 1999. година, а до денес со Реал освои пет првенства и три трофеи во Лигата на шампионите. Кариерата обележана од успеси, но и од свирежи.

Зошто е битно да им се досадува на голманите

Затоа што кога тогаш напаѓачите ќе улетаат на некој бавен голман или пимплач со топката. Најупорениот ова коло го пронајдовме во Австралиското првенство.

Го мина Маркеџани, а сега го брка рекордот на Паљука

Ларондо, Косу, Тони, Касано, Макси Лопез и синоќа Конопљанка, сезонава не успеаа да го надмудрат Самир Хандановиќ кој стана еден од најдобрите чувари на голот во ударите од 11 метри во Серија А.

Колекција на лудостите на Рене Игита

Кога некој голман непромислено излегува надвор од својот гол, гледачите тоа ги асоцира на Колумбиецот Рене Игита кој стана познат по скорпион потегот. El Loco или Лудиот на 380 натпревари постигна 41 гол, а неговите циркуски реакции се собрани во 15-минутно видео.

Пет голмански одбрани со лице

Од 10 пенали, само една топка заврши во гол, а едниот голман сите пет удари несакајќи ги одбрани си лице.