Тешки мигови за Вардарки. Ракометарките на Ѓер го одбранија европскиот трофеј во драматично финале кое се решаваше во продолженија два пати по 5 минути. Андреа Чанаџија промаши зицер во последна секунда за пенали. Штета.
Јованка Радичевиќ веднаш по завршувањето на финалето против Ѓер изјави: Да игравме два дена судиите немаше да дозволат да победиме. Покрај судиите доста полемики предизвика и овој тајм аут во финишот кој според правилата се свикува кога тренерот сам ќе го спушти картонот на записничката маса.
Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).
Иако играа против Будуќност, домашните навивачи на Ѓер не пропуштија да ги пецнат бројните романски навивачи на Букурешт кој подоцна играше со Вардар. „1918 - Мојата баба е постара од Романија“, стоеше на банерот со кој Унгарците ги закачнаа комшиите за датумот на нивната независност.
По одличната серија од три победи во низа, македонскиот шампион го забележа вториот пораз оваа сезона во Лигата на шампиони од екипата која не успеа да ја совлада ниту дома во првото коло.
Ракометарките на ЖРК Вардар имаа очаен старт во новата сезона од најелитното клупско европско натпреварување. Во првото коло загубија од конкурентот за врвот на табелата во групата со 22:27.
Најдобрата светска ракометарка во четвртфиналниот меч на Вардарки асистираше со лажни очи, покажа пожртвуваност во одбрана во последната минута, а го направи и најатрактивниот потег на мечот кој не потсеќа на головите на Дибиров и Манасков.
Осум години Ѓер игра во полуфиналето на Лигата на шампионите, има четири финалиња и две титули. Сепак бројките не важат во Јане Сандански, каде ракометарките на Вардар вечерва го скротија актуелниот европски првак 24:18. Реваншот е за седум дена во Унгарија.
Првиот фајнлфор во ракометната Лига на шампионки мина во знакот на унгарскиот претставник кој со триумф над Будуќност од 27:21 ја одбрани титулата во најеминентното клупско европско натпреварување. Македонскиот шампион со бронзен медал го оствари најголемиот успех во својата историја.