Таг: еп ракомет 2020

Шпанија е европски шампион, фуријата ја одбрани титулата

Во исклучително напнато финале со драматичен финиш кое го судеа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, „црвената фурија“ ја совлада Хрватска 22:20 (12:11) и заслужено се најде на тронот, по вторпат во само 2 години.

Голот кој ја однесе Хрватска во финале на Европско

Во епски меч кој ќе се памети, после две продолженија, Хрватска во драматичен финиш ја сруши Норвешка 29:28 и се пласираше во финалето на Европското првенство. Домагој Дувњак со 8 гола беше играч на мечот, Маринко Мариќ постигна 6, Златко Хорват 4, а јунак на крајот беше пивотот Жељко Муса со златен гол на 5 секунди пред крајот.

Виенски потоп на Македонија

Да, ракометот е игра во која тркалата брзо може да тргнат удолу, но оние кои некогаш ги красеше борба, желба, волја, храброст, знаење, овојпат изгледаа како попарени почетници. Или можеби само немаа достоен предводник од клупата. Австрија - Македонија 32-28 (18-12).

Падот на француската империја

Како што многу големи империи го доживеале својот крај, така почетокот на 2020-та година ја остави репрезентацијата на Франција без шанса да се бори за златото на Европско првенство и првпат во својата историја после првата фаза да ги пакуваат куферите со повратна карта во џеб.

Што ѝ треба на Македонија за пласман понатаму на Европското?

Кире и екипата совршено добро знаат каква е комбинаториката пред стартот на 3. коло, за да ги продолжат настапите на Европското првенство кое се игра во три земји.

Македонија чека ждрепка за Европско 2020 и ја посакува Виена

Откако со 27-23 ја совладаа Грција во Струмица и удрија печат на пласманот на Европско 2020 како првопласирани во групата, најдобрите македонски ракометари сега ќе уживаат во ждрепката на 28 јуни во Виена.