Еден од најдобрите италијански фудбалери на овој век, кој пред неколку години ја заврши кариерата, го дал на суд Алесандро Палацоло, 48-годишен златар од Валенца кој присвојувал добра во негово име.
Во Египет имало неколку клонови на Мо но никој не личи на него како двојникот со кој се сретнал неодамна. И сега кога навивачите на Ливерпул ќе пејат: „Еден е Салах, алеа еден е Салах“, не знаеме баш дали е така.
Група од околу 230 навивачки, официјално пратени од Северна Кореа, веќе неколку дена ги поддржуваат своите олимпијци и обединетата хокеарска селекција на двете Кореи. Ама им преседна кога видоа човек кој е цел како нивниот лидер.
Пред почетокот на мечот Свонси - Кристал Палас, гостинскиот тренер и некогашен селектор на Англија Рој Хоџсон конечно го виде својот двојник кој работи како редар на стадионот „Либерти“.
Телевизискиот канал ХиспанТВ направил репортажа со Реза Парастеш од Иран за кој се верува дека најмногу наликува на Меси. Откако пуштил брада уште повеќе личи на 10-та на Барса. А личат стварно како две капки поради што на Иранецов му барале автограми и сакале да се сликаат со него.
Ако имате хронично напнат израз на лицето, црвена коса и иста таква брада можете да се пријавите на јавниот повик - наградата е 5000 евра, а вашата глава ќе биде излеана во бронза (без коњ).
Марио не е еден и единствен, во Еквадор има дупликат. Се работи за 29 годишниот Коб Хуртадо, фудбалер со ист имиџ кој исто се радува на гол, а според изгледов, веројатно и исто реагира кога е лут. Разликата е само што игра во одбрана.
Ти кажуваат дека филмот е за човек кој случајно сфаќа дека има двојник. Ментално го сместуваш во жанр трилери, и цел филм ги пропушташ сите можни хинтови кои упорно ти посочуваат на нешто друго. На последната сцена сфаќаш. Дека треба да го почнеш од почеток.