На 9 јуни 1865, славниот писател во шок успеал да исползи од превртен вагон на воз, кој откако излетал од шините висел од мост близу Стејплхрст во Кент, Англија. Под него можел да ги види другите вагони кои се струполиле во плитката река. 10 луѓе починале а уште 40 биле повредени. До крајот на животот тој не можел да ја заборави оваа сцена.
Двајца уметници од различни векови чие спомнување во иста реченица (во случајов во наслов на книга) предизвикува чудење. Но освен што Хорнби ги спојува поради тоа што обајцата го инспирирале, тие можеби имаат повеќе заеднички нешта отколку што тоа изгледа на прв поглед.
Нова изложба во Лондон ќе ја истражува доживотната опсесија на славниот автор со паранормалното. Сепак, неговите биографи велат дека ова не било резултат на тоа што тој навистина верувал во духови, туку на неговиот „бизнис“ сенс за тоа кои приказни најдобро се продаваат.
Архаичната стенографија на славниот автор им ги мати умовите на експертите повеќе од еден век. Неодамна завршен натпревар во дешифрирање на „чкртките“ фрла нова светлина на неговиот љубовен живот и финансиските проблеми.
Ново истражување ја открива шемата, испланирана од најдобриот пријател на Дикенс, викторијанскиот писател да биде погребан во Вестминстер, крај своите славни колеги, и покрај експлицитното противење на писателот.