Таг: бугари

Бу-га-ри

За разлика од сите странци во Бугарија на кои вообичаено на времето им ги крадеа колите, на украинските бегалци кои успеале да спасат жива глава и да стигнат во Бугарија со кола Бугарите почнаа да им ги крадат регистрациите.

Бугарот што го искина Спотифај

Автор на плеј-листи на Спотифај наплати околу 1 милион долари од музичкиот сервис, за луѓе што преслушувале песни од неговите плејлисти. Авторот е Бугарин и веројатно тој е единствен човек меѓу тие што слушале музика.

Бугарин на привремена работа во Кипар

Стара грчка поговоркa: Немој да нервираш Бугарин на работно место, посебно ако вози багер.

Иде Дунав, англиска верзија

Бугарите и Романците се најчестото страшило со кое Британците се плашат за нивните работни места. "Апокалиптичниот" бугарско- романски имигрантски дожд е планиран за следната година.

Магарето и самарот 2.0

Класична реакција на балкански мажјак. Ќе се изнервира што не знае да ја поправи колата па ќе му биде крива жената и нејзиниот лаптоп. Мислиме дека се работи за едно блиско море кое името го добило по тоа што во него се фрлаат лаптопи. Црни.