Во меч помеѓу суспендираните боксери Хеј и Чисора, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Дејвид Хеј со нокаут во петтата рунда го совлада сонародникот Дерек Чисора.
Украинецот Владимир Кличко продолжува да доминира во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO откако во шестата рунда од мечот во Швајцарија го нокаутираше Американецот Тони Томпсон.
На 28 јуни 1997-та година се одржа легендарниот бокс меч помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифид кој заврши со дисквалификација на „железниот Мајк" во третата рунда затоа што го гризна и му откина дел од десното уво на Холифилд.