На младинците на Лацио официјално им се приклучил десниот бек Романо Флориани Мусолини, правнук на Бенито Мусолини, син на Алесандра која основала десничарска партија и оваа вест доби голем одјек во Италија.
Близу педесетина навивачи на Лацио, минатиот четврток гостуваа во Глазгов, каде нивниот тим играше против Селтик во Лига Европа. Додека оделе кон стадионот, марширале со римско салутирање познато како фашистички поздрав.
Во „вечниот град“ постои огромен спортски, олимписки комплекс којшто изобилува со споменици изградени од основоположникот на фашизмот Бенито Мусолини. Денес таму се одигруваат големи спортски манифестации а италијанската јавност не се срами од фашистичката архитектура.