Таг: автогол

Волеј автогол од аут

Фудбалер од ирското фудбалско првенство се обиде да скрати топка од аут, но постигна автогол што не се поновува и по 1000 обиди.

Викенд на бизарни автоголови

Изминатово коло паднаа повеќе автоголови кои ги спакувавме на едно место. Во повеќето, најголеми несреќници беа голманите, особено оној на Бате Борисов кој со две несмасни интервенции му подари победа на противникот.

Автогол со глава од 16 метри

Да постигнеш гол со глава од линијата на шеснаесетникот е врвно достигнување со кое не можат да се пофалат многу фудбалери. Да постигнеш гол со глава од работ на шеснаесетникот и тоа во својата мрежа е ремек-дело со кое може да се пофали дефанзивецот на Пумас од Мексико, Дарио Верон.

Нов кандидат за најлуд автогол

Фудбалерите почнаа да се натпреваруваат меѓу себа за тоа кој ќе го постигна најлудиот автогол. Минатата недела се случи ова во Ерменија, а викендов во Бразил по карамбол на натпреварот меѓу Наутико и Санта Круз, Изалдо си ја затресе сопствената мрежа по комична ситуација.

Најлудиот автогол падна во Ерменија

Еден од најсмешните автоголови на сите времиња беше постигнат минатата недела на второлигашки натпревар во Ерменија помеѓу екипите на Алашкерт и Ширак.

Бундеслигата во чест на рекордерот Новески

Николче Новески го продолжи договорот со Мајнц каде ќе остане уште една сезона. Истиот ден кога тој потпиша нов договор, Бундеслигата му објави видео посветено на неговиот неславен рекорд.

Ја заби во погрешна мрежа

Фудбалерите на Васко де Гама кикснаа на гостувањето кај Нова Игуачу и покрај тоа што добија подарок од домашниот капитен.

Местенка со осум автоголови за шест минути

Фудбалската федерација на Италија започна истрага за сомнителните осум автоголови постигнати за десет минути на регионален куп натпревар.

Најлудиот хокеј автогол

Голманот на Феникс, Мајк Смит е најголемиот хокеј малер кој до сега сме го виделе. На натпреварот против Бафало тој си постигна автогол откако пакот му се заглави во дресот.

Георгиевски претплатен на автоголови против Челси

Исто како и на првиот натпревар во Романија, македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски и на дуелот со Челси во Лондон му помогна на противникот да дојде до водство.

Не си ти за фудбал

Аматерски фудбалер од Англија го постигна еден од најефективните автоголови кои сме ги виделе, по што тој и самиот сфати дека не го бива за фудбал и си се замени.

Автогол од пола терен

Фудбалерот на германскиот четвртолигаш Швајнфурт, Стефан Сојферт го постигна најефектниот гол во неговата кариера, но на овој погодок му се израдуваа противниците. Кутриот фудбалер си постигна автогол со шут од 50 метри.

Првокласен лоб автогол

Матијас Куо-Думбе имаше незаборавно деби за англискиот четвртолигаш Нортемптон против Менсфилд. Тој постигна прекрасен гол лобувајќи го голманот со лоб удар. Проблемот е што тој си го лобуваше сопствениот голман.

Несакајќи гол

Фудбалерот на Нант, Оливие Виње се обиде да нафрли, но несакајќи постигна гол со помош на голманот на Лориен.

Перуанско автоголчиште

Ренцо Реанос од перуанската екипа Унион Комерсио е автор на еден од најсмешните автоголови во историјата.

Голман на погрешна нога

Французинот Томас Фибел од полскиот тим Видзев го фати својот голман на погрешна нога и наместо да му додаде, си постигна апсурден автогол.

Топка бумеранг

Серија Д, петтата италијанска лига ни носи гол каков досега не сте виделе, а стрелец на погодокот е ветерот.

Најлошата голманска проценка

Колку и да му пречеа фудбалерите во шеснаесетникот, несфатливо е како може вака да реагира голманот на Филаделфија при изведувањето на корнерот на познатиот фудбалер на Лос Анџелес Галакси, Лендон Донован.

Шкорпион автогол

Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Ксерез, Ернесто Галан го прогласуваме за офсајд лик на неделата. Неговата екипа цели 30 минути играше со играч повеќе против Сабадел и на крајот загуби со гол во 95-та минута и тоа со автогол на несреќниот Галан кој си го лобуваше голманот со шкорпион удар.

Комичниот автогол на Галатасарај

Екипата на Галатасарај засилена со Дрогба и Снајдер беше огромен фаворит против Ордуспор, но веќе на полувремето губеше со 0:2. Гостите поведоа во 15-та минута со автоголот во кој главните улоги ги имаа голманот Муслера и Селчук Инан. Во второто полувреме Галатасарај направи целосен пресврт со голчиштето на Снајдер, два погодоци на Јилмаз и еден на стрелецот на автоголот.

Каде е топката?

Брајан Вилсон од Колчестер го постигна еден од најкомичните автоголови на натпреварот против Олдам во Лига Еден (трета по ранг лига во Англија).

Викенд на комични автоголови

Викендов на фудбалските терени низ целиот свет беа постигнати стотици прекрасни голови, но и повеќе комични автоголови. Ова се дел од нив.

Нокаут автогол на Бејл

Тамам пишавме дека го имаме автоголот на годината и веднаш не демантираа. И тоа не било кој, туку Герет Бејл со нокаут-автогол на натпреварот против Ливерпул.

Автогол на годината

Во 2012-та се изнагледавме автоголови, но овој најверојатно ќе биде прогласен за автогол на годината, или пак Али Ал-Хабси ќе биде прогласен за најсмотан голман. За среќа на голманот на Виган, неговиот тим со гол во последна минута го победи Ридинг со 3:2.