Младио Фабиан Споркследе сигурно нема по добро да го памети својот прв натпревар за Ајакс во холандската лига. Тој влезе во игра на почетокот од второто полувреме и неговиот прв контакт со топката во 51-та минута резултираше со автогол.
Викендов започна украинската лига, а на новата екипа Говерла уште на стартот и тргна лошо. Тие загубија на гостувањето кај Черноморец, а Елисеев се кандидираше за автогол на годината.
Хрватот Анте Кулушиќ стана славен откако постигна гол од пола терен на натпреварот помеѓу Генчлербирлиги и Газиантепспор во Турција. За негова несреќа, тој ја затресе мрежа од својот гол.