Таг: андерлехт

Дортмунд се загуби во руската зима, Лацио убедлив

Фудбалерите на Кубан кои се мачеа со нашиот Работнички, денес го совладаа Дортмунд и како првопласирани во групата одат понатаму. Билбао славеше со пресврт против Аугзбург, Монако поразен од Андерлехт.

Ја штелувале или прв пат шутираат пенали?

Не може човек што игра во кладилница да не изеде бабури за вакво нешто. Андерлехт кој е 33-кратен првак на Белгија, игра дома со Мехелен, фаворит е и сите ја играат кец. Во прво полувреме промашува два пенали, потоа на почеток на второ дава гол, па промашува уште еден пенал, а потоа во 94-та си дава автогол. 

Младинците на Андерлехт најгледани во ЛШ

Паралелно со сениорската, од пред некоја година се игра и младинска Лига на шампиони, за фудбалери под 19 години. Гледаноста на овие натпревари не е занемарлива, а во Брисел пред два дена со 12.871 гледачи рекордот го срушија навивачите на Андерлехт. Нивните миленици им вратија со победа над Барселона од 1:0 и се пласираа во четвртфиналето.

Пет годишна забрана за сечењето глава

Откако со кореографија го „обезглавија“ нивниот поранешен миленик, Стивен Дефур, навивачите на Стандард Лиеж ги чекаат драстични казни. За суспензија се залага и белгиската влада, која го осуди инциндентот на неделното дерби.

Арсенал прокоцка 3 гола, Јувентус со пресврт до победа

Фаворитска вечер на отворањето на 4 коло од Лигата на шампионите. Славеа Реал Мадрид, Базел, Атлетико Мадрид, Јувентус, Дортмунд, Леверкузен и Бенфика. Реми на Емирати меѓу Арсенал и Андерлехт.

Зенит - Леверкузен од 18:00 и Реал Мадрид - Ливерпул од 20:45

Вечерва се отвора 4. коло од Лигата на шампионите, а дербито на вечерта се игра во Шпанија каде Реал го пречекува Ливерпул.

Реал Мадрид лесно во Ливерпул, Венгер славеше роденден со победа

Во Лигата на шампионите вечерва немаше толку голови, а ноќта ја одбележaа Реал Мадрид и Дортмунд со убедливи победи на гости против Ливерпул и Галатасарај. Шампионот на Италија загуби во Пиреја, а Арсенал направи пресврт на крајот во Белгија.

Јилмаз во 91 минута го спаси Галатасарај од пораз

Горан Пандев со новиот дрес одигра околу еден час во првото коло од ЛШ, Борусија Дортмунд ја доби дерби пресметката на колото, а Лудогорец секунди го делеа од бод на Енфилд Роуд каде мрежата ја начна Балотели. Олимпијакос му приреди изненадување на Атлетико, а Реал му се истури на Базел.

Пандев го пречекува Андерлехт, а Дортмунд Арсенал во ЛШ

Стартува групната фаза од големиот фудбалски празник во кој ќе гледаме двајца наши играчи. Турската авантура во најелитното клупско европско натпреварување вечерва пред своите навивачи ќе ја започне Горан Пандев во Истанбул.