Таг: Ајнштајн

Букбокс од лице место: На гости кај Ајнштајн во Берн

Без оглед дали во Музејот на Ајнштајн ќе одите како на научен аџилак, или само за да си купите маица со неговата слика со исплазен јазик, тука ќе дознаете многу повеќе отколку што сте очекувале. На пример дека човекот имал и кец во свидетелство, дека никогаш не носел чорапи и дека парите од Нобеловата ги вложил во станови кои потоа ги издавал. Мислете си вие дека физичарите се луди...

Човекот заслужен за славата на Ајнштајн

Тешко е да се замисли време кога ликот и делото на Ајнштајн не биле познати. Но да не се појавел еден астроном кој ги промовирал неговите теории, тој можеби ќе останел само фуснота.

Патните дневници на Ајнштајн откриваат шокантен расизам

Приватните дневници на славниот физичар, и (барем до сега) докажаниот хуманист, од негови патувања низ Азија, откриваат дека не ги сакал баш жителите на овој континент, особено не Кинезите.

Така (не) зборуваше Ајнштајн

Оние чијшто придонес на социјалните мрежи се мери во валута „збор-алтан“ често знаат да пуштаат во етер цитати од Ајнштајн. Со негови мудри изреки почнуваат мотивациски говори, се печатат маици и се почнуваат книги. А тој кутриот можеби никогаш не го кажал тоа што му го припишуваме. Од каде ни е тогаш таа потреба?

Среќа е кога ќе ти остане бакшишот од Ајнштајн

На човек кој му донел порака, наместо бакшиш Алберт Ајштајн на салфетка му запишал што тој мисли за среќата. Неговата дефиниција за среќата деновиве се продала за милионска сума. Сакате да ја дознаете бесплатно?

Цвеклото на Ајнштајн: книга за различните фобии поврзани со храна

Бритни Спирс мрази ролат од мелено месо и секаква „набабрена“ храна. Артуро Тосканини мразел риба. Ен Рајнд се грозела од салати. Оваа книга е истражување на светот на храната, но од страната на аверзиите кон неа.

Кога Ајнштан го сретна Тагоре

На 14. јули 1930, славниот физичар во својот дом близу Берлин го примил индијскиот филoзоф Рабиндранат Тагоре. „Науката и индиската традиција" од Дејвид Л. Гослинг го пренесува разговорот кој притоа го воделе, а кој се однесува на постојаниот судир помеѓу науката и религијата. Веројатно очекувате дека Ајнштајн е оној кој ја велича науката. Епа ќе се изненадите...