На проектот за Вечер посебно му се израдувавме затоа што ни даде шанса да се пробаме по неколку основи:
- прво, треба да направиш сајт за весник кој со години има стабилна публика, која сака нешто ново, ама не сака да ја извадиш од памет од тоа колку е ново.
- второ, иако знаеме дека можеме, ова ќе ни биде прв сајт на кој во пракса ќе работи цела редакција од над 40 новинари.
- трето, дизајнирање, респонсивност, дизајнирање, респонсивност, дизајнирање, респонсивност, дизајнирање, респонсивност...
- четврто, он-лајн архивата на Вечер од 2006-та до денес. За да не навлегуваме премногу технички, ова му доаѓа нешто како дешифрирање на Каменот од Розета.
Од технички дел, за Вечер е сработен по истиот рецепт кој го користиме (и препорачуваме) за секој поголем информативен / новински сајт:
- PHP + Drupal
- Наместо правење и одржување на посебна мобилна / таблет верзија, страната има респонсивен дизајн кој одлично ги покрива сите потребни уреди.
- некои наши зачини за комплетирање на впечатокот.
За да не биде само фалење, кликајте и пријатно уживање во новиот vecer.mk
------
Vecer.mk е најновиот веб-трофеј на Трендоленд, што ќе го обесиме до другите наши веб-капиталци:
- MKD.MK
- (сајтот од кој што сè започна) OFF.NET.MK
Како и: