Во фестивалските денови Шпаркасе Банка планира низа активности кои ќе се случуваат во Охрид. Специјални промоции и повластени услови со намалени каматни стапки и провизии за сите правни и физички лица кои ќе аплицираат во експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид, за времетраење на Фестивалот.
"Ни претставува особена чест што сме дел од магијата на Охрид, спектакуларноста на Античкиот театар и врвната програма на овогодинешниот фестивал Охридско Лето.
Покрај поддршката на Фестивалот, Шпаркасе Банка на сите нови клиенти – физички лица им нуди потрошувачки кредити со каматна стапка за 0,50% пониска од редовната, кредитна картичка со фиксна каматна стапка од 6% за првите 6 месеци и пречекорување по трансакциска сметка без провизија за одобрување, додека пак правните лица добиваат бесплатно одржување на сметка и електронско банкарство во првите 6 месеци, одобрување на кредити без провизија, како и бесплатни Visa Business картички.
Со поддршката на „Охридско лето", Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани што го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста. Нашата заложба останува активно да придонесеме кон развојот и унапредувањето на уметноста во земјата " - изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.
Општествената одговорност е стратешки приоритет во корпоративното управување на Шпаркасе Банка Македонија. Иницијативите во доменот на вложување во општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на културата, уметноста и филмот.
комерцијален текст