Живее во Војводина и никој од семејството не му е Босанец. Ама тој сака да биде Босанец и готово. А има и необорив аргумент зошто го сака тоа. Затоа што како Босанец никогаш не го боли главата, дури ни кога ќе ја залупа во врата.
Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.