Дечково го кине Дилан, алал вера. Со негов глас и интепретација го изведува најдосадниот текст на сите времиња: Правилата за користење на стандарден Digital User Agreement. И пак тoa звучи како лута протестна песна!
Рик Џејмс во ТВ судница тужи бивш пријател дека му должи гитара и појачало. И онда ничим изазван, во приказната додава дека овој го има фаќано за гз пошто е геј, што авторот на „Супер фрик“ го опишува со зборовите „дечкото има малку шеќер во резервоарот.“
Песната е стара, фората е многу нова. Го пушташ видеото, почнуваш да вртиш по каналите и сите ти ја пеат 'Like A Rolling Stone' од Боб Дилан. Далеку подборо од други варијанти кога пушташ ТВ, а сите ти пеат иста песна.