Промената на подобро започнува со вложување во децата

Халкбанк го одбележува месецот на штедење со интерактивни претстави во градинки, едукативни содржини и специјална понуда за малите штедачи

Халкбанк, и овој октомври, го одбележува светскиот месец на штедењето со бројни активности посветени на најмладите, поврзувајќи ги играта, креативноста и учењето. Банката ја продолжува својата долгорочна посветеност на неформалното образование и градењето добри животни навики од најрана возраст.

Меѓу активностите е интерактивната претстава за деца од предучилишна возраст, која ќе се реализира во повеќе градинки. Преку дружење со слончето Халки, приказна, смеа и активно учество, децата ќе учат за важни животни теми како што се штедењето, одговорноста, споделувањето и грижата за другите. Целта е учењето да стане заедничко доживување што ја поттикнува детската љубопитност и остава простор за размислување и креативно изразување.

„Како банка веруваме дека еден од највредните начини да придонесеме во општеството е преку вложување во децата и во развој на нивното знаење и креативност. Токму затоа, и годинава преку слончето Халки, создадовме интерактивни и едукативни содржини, прилагодени на возраста и на јазикот на децата од претшколска возраст. Остануваме посветени на нашата долгорочна цел – да го поддржиме процесот на градење одговорни, посветени, креативни и слободоумни деца и млади“, велат од тимот за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Октомвриската програма вклучува едукативни содржини што ги поттикнуваат децата и родителите да разговараат за вредноста на штедењето и за малите чекори со кои се остваруваат големите желби. Дополнително, за секое отворено Халки детско штедење во текот на октомври, банката подготви подароци за новите штедачи. 

Вложувањето во детското образование и развој е еден од клучните аспекти од општествено одговорната работа на Халкбанк. Во рамки на овие активности беа креирани првиот Буквар за финансиска писменост на деца, изданието „Бонтон за деца во училиште“, кое доби дозвола од Бирото за развој на образование, интерактивната игра „Мистериите на Ѕвездалија“ и „Сликовницата на Халки“. Заедно со многубројните работилници реализирани изминативе години, овие проекти им отвораат на децата нови можности да учат, да создаваат и да развиваат одговорен однос кон светот околу себе.

Халкбанк ќе продолжи да вложува во иницијативи што носат трајна вредност за најмладите и за заедницата, со уверување дека добрите навики и вредности што ги градиме денес се основа за промените што ги посакуваме утре.

Важни се децата и нивните соништа!

(Комерцијален текст)

21 октомври 2026 - 14:07