Едно проблематично задоволство:

Тешко е да се има долга коса

Тоа чувството кога веќе станува алармантно колку многу мора да ја миеш, а ти си викаш „...Ај уште денес.” А оно почнува веќе да капе како уље од кола, простете на језивата споредба.

Знаете зошто? Сте пробале да измиете коса што на суво стига до лакти? Тоа е процес. Треба шампон, често два пати. Односно, пола пакување. Па регенератор. Па да чекаш. Па да го измиеш тоа  во процедура од неколку минути, дур не исплакнеш ко што треба. Па да најдеш пешкир 2х2. Па да дремеш со пешкирот едно 2, 3, 4, 8 саати затоа што и сушењето е долго. Па да сушиш четири дена. 

Готово?

Се разбира дека не. Тоа треба да се чешла. Па со денови да наоѓаш залутани влакна. Па да ја собираш во „гнездо” на глава придружено со чувство на вина дека „не било добро за косата”. А само така можеш да се ослободиш.

На крај, се поставува прашањето, ако е толку напорно за оддржување, што не се фатиш за ножици?

Па, фино изгледа долга коса.

Најчесто.

Кога ќе се дотераш.

Имаш опции.

Ама сепак:

Стрипчињата се на Касандра Калин и повеќе има тука.

9 јануари 2018 - 13:42