Какви се сега тие „сол и бибер” трепки?

Има ново во светот на трепките.

За тие што ја откривте магијата на вештачките трепки, надградбата на трепки и други варијанти на трепки, сите заедно полесни за отстранување од една најобична маскара, еве го новото:

Salt and pepper eyelashes (ова за кога ќе нарачувате).

Што е работата?

Па, како што истакнува Алур, канадскиот експерт за трепки (колку сме назад со избор на професии, тоа е чудо едно), Џоана Келер користи ваков тип на надградба - вклучува и бели трепки во рамки на стандардните додавани црни, за целокупниот изглед да добие повеќе на димензија. И бидејќи изгледаат по-„пердувесто”, одма се многу погусти и подраматични од ефектот што се добива со обична надградба.

„Белите трепки додаваат димензија на сет црни трепки како што секогаш тоа функционира со хајлајтинг,” вели Келер за Алур.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joanna Keller Beautique (@joannakellerbeautique) on

Еден поглед на слика од блиску може да ве замисли, со оглед на тоа што белите сепак се ѕиркаат, а на никој не му се брза до бели трепки, нели. Сепак, тие што ги виделе во живо, велат дека само од блиску се забележуваат, а сè заедно изгледа беспрекорно.

Чекаме да почнат да се продаваат/надградуваат кај нас, па да видиме од блиску.

11 септември 2018 - 13:36