ЗОО писма на читателки

Веројатно и не е некој престиж да си чувар или вработен во Зоолошката градина во Скопје, ама па зарем до толку не може да се крене нивото, сепак ова е Зоо-градина во главен град, на пример, да се најават високи казни, да се примаат волонтери, да се земе нешто да се сработи?

Зоолошката градина е едно од омилените места на сите наши деца, а со сигурност и на нас возрасните.  Меѓутоа ова место повеќе личи на селски панаѓур за време на убавите сончеви денови, бидејќи посетителите, односно децата и родителите без никаква контрола си ранат животни со смоки, грицки, благички, пуканки, а во подобрите денови сигурно фрлаат и по некое овошје. Па добро, верувам дека макар и најниското ниво на свест да го поседуваш, нема да си дозволиш да труеш животни со недозволена храна. Децата ти се твои, па давај им што сакаш, ама па нели „големината на една нација може да се процени по начинот на кој ги третира животните“?

Во нивните кафези, особено оние живеалишта кои се лесно достапни се бута сè што им е на дофат на рака, па така живеалиштето на мајмуните е една мала депонија, зошто внатре меѓудругото летнал и по некој Seven Days кроасан, смоки, лименки, пуканки, лушпи од овошја, и мајмуниве повеќе личат на семејство чергари, отколку на мајмуни... Мислам дека тоа можам да го кажам за повеќето животни во оваа градина. А во овој контекст, да не го заборавиме и мајмунот кој падна во депресија токму во оваа зоолошка градина.

А кога сме веќе кај мајмуните, нели мајмун ради шта мајмун види, па така ранењето со све и свашта продолжува и кај бувот, папагалите, трите пауни собрани во 5 м2, езерцето што некогаш требаше да биде кои-езерце, а сега е само една заразна радиоактивна бара, козите, овците, ламите, елените, коњите, исто така се частат со смоки и чипс, сè на голема радост на децата (зошто нели сè за децата и они да бидат среќни и задоволни). Нилскиот коњ е потонат до гуша во гомна, одн. да се поправам, баричка од кал и фекалии во една дупка, а од горе нормално му се тресат смоки, веројатно за да му се провери пулсот. Чопорот од волци повеќе изгледа на глутница улични кучиња, зошто нивниот инстикт е целосно избришан а условите за живот доведени на минимум. Дупката на мечките е само една мала рупа, која во еден агол има една прљава бара, а во другиот легната и издепремирана мечка. 

Веројатно и не е некој престиж да си чувар или вработен во Зоолошката градина во Скопје, ама па зарем до толку не може да се крене нивото, сепак ова е Зоо-градина во главен град, на пример, да се најават високи казни, да се примаат волонтери, да се земе нешто да се сработи? Јас еве по еден цел саат изминат во нашава зоолошка искрено не знам дали повеќе ми се згадија децава или возрасниве.

А како воопшто може да се крене критериумот кога под специјални настани/програми во Зоо-Скопје, има на пр. активности како хранење на животните кое се наплатува 1000 денари !?! Или ако сакаш еден ден да поминеш во улога на зоонегувател (за над 16 години) треба да платиш 3000 ден? Овие активности и цени ама баш не се во никаков допир со нашата реалност. Баш напротив, тоа треба да биде организирано за без пари или со мало учество, треба да биде организирано за да се поттикнуваат децата од школите, зошто можеби и некое дете ќе израсне во нормален и добар човек, со сите салтанати и манири и нема да малтретира животни на најпсихопатски начини. И да не се лажеме, тие се истите деца/возрасни кои одат со нестишени мобилни во театар и за нив извини/извинете, добар ден, благодарам и скоро и да не постојат во речникот.

Еве во прилог, една слика преземена од наш ФБ:
 

...и од ФБ во зоолошката во Белград ( вработениве насмеани го чистат снегот):

Па сликите нека го довршат текстот.

Сања

 

18 февруари 2018 - 20:18