Здраво офф нет,
поради секојдневните проблеми со МЖ решивме да ви се обратиме со едно јавно писмо.
За да се одлучиме да ви се обратиме собравме потписи од работниците кои патуваат секојдневно со возовите на македонски железници и решивме јавно да ви ја кажеме на кратко нашата приказна односно патешествие кое ни е приредено од повисоките органи поради 30 евра билет од емигрант по глава.
Ви го проследувам писмото кое го пишувавме минатата недела за време на нашите патувања до работа и назад до дома и би ви биле благодарни ако го објавите за да се чуе нашиот глас и вистината во врска со МЖ и емигрантската „криза"
------------------------
Здраво Македонијо,
Ова е писмо од илјадниците работници кои патуваат со Македонски Железници за да стасаат до работно место и да се вратат назад дома, и ви пишуваме од името на сите нив.
За оваа порака да ви ја пратам собрани се над 300 потписи од работници само од Велес кои работат во Скопје, но секојдневно со нас се сложуваат ијадници други од Гевгелија до Скопје.
Веќе со месеци со МЖ се случуваат неубави работи кои мора да се прикажат вистински во јавноста. (Но отсекогаш Македонецот е продаден од Македонецот на „власт") За да бидам краток и јасен само ќе набројам мал дел нештата кои се злоупотребувани и нерегуларностите кои секојдневно се случуваат.
1.За да има возови за емигрантите на кои им наплаќаат по мин. 30 евра, последниве неколку месеци од кога почна оваа „криза" константно ни ги укинуваа, преместуваа или возовите каснеа со часови, и ние не сме можеле да си дојдеме дома од работа со часови или пак само што ќе си дојдевме, ни почнуваше новиот работен ден, овака со месеци.
2. За да има возови за емигрантите, на македонските работници кои всушност се оние кои плаќаат данок во оваа држава, ни пуштаа и се уште ни пуштаат по само еден вагон кадешто за пример собира 100 луѓе, а во него се качуваат патници, Македонци, трикратно и повеќе отколку што собира и нема место не да се седи туку ниту да се стои, буквално една нога врз друга, лице до лице доближени и така минимум еден час, во зависност кој од каде патува.
3. Јас самиот само неколку пати искусив како е да се возиш на локомотивата од надворешната страна како во Индија пред 10 години (добро е што беше лето).
4. Овие возови, вагони кои сите до еден ги имаат користено емигрантите минимум по десет пати, никој буквално не се грижи за хигиената, односно никој не ги чисти ни по нивното ни по нашето возење.
5.Многу странски медиуми докажаа и покажаа дека една десетина од емигрантите кои ги користат нашите возеви имаат страшни болести кои се пренесуваат на разни начини, дури во европските земји се запознале и со некои тропски болести од Африка кои се пренесуваат преку допир, воздух па и отпечаток.
6. Ние како работници овие неколку месеци имавме претерано преголеми патни трошкови бидејќи МЖ не ни пушташе возеви па требаше да се снаоѓаме како што знаеме, а за тоа време неколку пати во денот возеви со по 10-12 вагони ги возеа емигрантите, без да размислат за никакви последици.
Има уште многу да набројувам но за крај само би нагласил дека тој што одлучил да има возеви за емигрантите кои плаќаат по мин.30 евра а одлучил да нема возеви или да пуштаат по еден вагон и да се возиме во него тродупло не од колку што собира, туку тродупло од колку што тежи вагонот, тој или тие се наши непријатели и нема да дозволиме повеќе парите на странците да бидат поважни од нашите макотрпно заработени пари.
За ова да се реши ние како работници даваме предлог во јавноста, овие луѓе да бидат превезувани од приватни фирми и приватни лица, за парите од нив да идат кај македонските граѓани, работници фирми, така што возевите ќе си возат на време, односно ќе има возеви не само по едно вагонче во кое се качуваме 3000 луѓе како во Индија пред 10 години.
Во името на работниците и студентите во Македонија пренесуваме дека ако не го решат проблемов кои МЖ го прави за да ги украде парите и да не ги пушти кај народот, а со тоа да страда работникот на Македонија и студентите, јавно кажуваме дека пругата Велес-Скопје ќе биде минирана и ќе нема возеви за никого.
Би биле благодарни ако бидеме сфатени сериозно, во спротивно за разлика од нашите политички актери за нас ќе зборат делата.
-од името на македонските работници и студенти.