Учебникарски писма на читатели

Здраво Трендо,
Во контекст на тоа што се трошат наши пари за дигитални учебници кои е забрането да се печатат (?), јас не знам зошто немаме ни .pdf од овие печатениве кои ги плаќаме со големи пари.

Бев на едно предавање денес на Александар Кавчиќ - човеков прави бесплатни учебници за децата во Србија - таму има некоја издавачка мафија со монопол финансирана од странство (мислам Германија).

Праќам слика од слајдот кој вика - авторите (наставниците) би ги пишале бесплатно, ама парите одат на издавачите и целата корупција. Вика, трошок 1 милион за авторите, 10 милиони за печатење/дистрибуција, ама Србија плаќа 80 милиони фазла која оди во профит и корупција директно од џебот на граѓаните.

Го прашав дали би можеле платформата да ја прошириме во Македонија (таа за дигитални учебници) ама вика фокусот за сега му е Србија (во моментов имало седум тужби против него за неговата активност).

 Ова ти го имам пратено еднаш, за картелот.

поздрав,
Бранко
 

10 октомври 2021 - 11:10